Македонија
Бачев: Потребна е национална и патриотска партија во Парламентот
На 15 јули ќе биде крај на предавствата. Народот ќе победи. Потребно е разбивање на 30 годишната власт на партијата „Погреб за Македонија“, составена од ДПМНЕ и СДСМ. Оваа партија работи против Македонија, ја продава Македонија. Затоа почитувани избирачи, потребна е национална и патриотска партија во Парламентот. Со „Единствена Македонија“ во Парламентот, наспроти коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со албанските партии се ќе биде поинаку, истакна Јанко Бачев, претседател на „Единствена Македонија’ и предводник на коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија.
„ Кажувам отворено, на 27 април 2017 год, кога се случи државниот удар со насилниот избор на Талат Џафери, „Единствена Македонија“ да беше внатре и со само еден пратеник ќе го спречевме каубојкиот избор на Џафери“. Ајде што 30 години ги трпиме и на глава ни се качија со нивните лаги, со грабежот на околу 15 милијарди евра во овие 30 години, најлошо е сега што ја растураат државата. Но, на изборите ќе се соочат со народот. Јас сум убеден дека сега народот е свесен, дека нема повеќе право на грешка, и ќе одбере национална и патриотска опција во која може да верува“, вели Бачев.
Тој е убеден дека на земјава и треба патриотска партија.
„Потребна е „Единствна Македонија“ во парламентот. Ќе си ја вратиме државата назад, а потоа лесно е да ги решиме реалните проблеми на народот. Економската наука ги измислува механизмите како се прави богата држава со богат стандард. Потребни се само чесни политичари. Ние од „Единствена Македонија“ излеговме со своите биографии кои се без ниту една дамка и афера во своето долгогодишно работење. Народот треба да бара од секој да ја покаже својата биографија. Да не им оставаме надеж на ДПМНЕ и СДСМ за нивниот забеган филм. Со „Единствена Македонија“ во парламентот и ќе им порачаме дека неможат да ги продаваат Македонците. Им порачуваме дека сме биле, сме и ќе останеме Македонци“, вели Бачев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

