Македонија
Бајден во писмо до Заев: Очекувам интензивна соработка за прашањата од интерес на двете земји

Претседателот на Владата, Зоран Заев прими писмо од новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден во кое се заблагодарува за честитките на премиерот Заев по повод изборот за претседател на САД.
Бајден, во свое име и во име на потпретседателката Камила Харис, со благодарноста за честитките истакнува дека тој стапува на должност во услови на исклучително сериозни глобални предизвици – од коронавирусот до климатските промени – кои ги надминуваат државните граници и за кои е неопходна меѓународна соработка.
Во писмото, новоизбраниот претседател на САД Бајден пишува дека очекува интензивна соработка помеѓу него и премиерот Заев на овие и на други прашања од интерес на двете земји и двата народа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Алиу: Нашата цел е Министерството за здравство да стане пример за институција која функционира транспарентно, плански и професионално

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска беше дел од работилница во организација на Министерството за здравство, а со поддршка на Светската здравствена организација(СЗО), која има за цел унапредување на комуникацијата и координацијата, како предуслов за функционална институција, а со тоа и ефективен здравствен систем.
– Неопходно е да изградиме механизам за навремена и ефективна комуникација, како и алатки за следење и евалуација на нашите работни групи и комисии. Целта е Министерството за здравство да стане пример за институција која функционира транспарентно, плански и професионално, посочи министерот Алиу на работилницата.
Тој информираше дека формира интерна работна група која ќе го финализира протоколот за комуникација и сите договорени следни чекори од денешната дискусија, ќе го презентира пред сите раководители на сектори и ќе предложи временска рамка за негова имплементација.
Министерот Алиу пред уечсниците на работилницата порача дека на овој начин се постаува основата за министерство кое планира, комуницира и делува како еден тим.
Македонија
Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава

За кривично дело – Помагање на странец при незаконит престој предвидено во член 212 став 1 и 3 од Законот за странци осомничени се двајца турски државјани, на возраст од 30 и 26 години.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи осомничените во текот на годинава, заеднички, со намера да прибават противправна имотна корист, помогнале на странци да престојуваат во земјава спротивно на одредбите од Законот за странци.
Тие изнајмиле стан на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, каде за одреден паричен надомест им обезбедиле сместување и не го пријавиле престојот на двајца турски и двајца узбекистански државјани, со што им помогнале да престојуваат во земјава подолго од законски дозволениот престој од 90 дена во текот на 180 дена.
Бидејќи постојат околности што укажуваат постоење на опасност од бегство, опасност од влијание врз сведоци и сокривање и уништување на траги и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Македонија
Николоски на средба со УКЕФ во Лондон: Македонија со огромна подршка од Британија го започнува најважниот регионален проект за брза пруга на Коридор 10

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на работната посета на Обединетото Кралство, денеска оствари средба со претставници на Националната агенција за извозно финансирање – УКЕФ.
На состанокот се разговараше за подршката што ја овозможува УКЕФ кон земјите од Западен Балкан во делот на обновливите извори на енергија, транспортот и здравството.
Вицепремиерот Николоски на состанокот ги потенцираше националните стратешки планови на Македонија за развој и модернизација на инфраструктурата со посебен акцент на регионалното поврзување на патната и железничката мрежа, како и политиките за зелена транзиција.
Посебен фокус стави на изградба на брзата пруга како проект од национално и регионално значење што се реализира со огромна подршка на Обединетото Кралство преку финансиска подршка како и пренесување на експертско знаење и практики.
Македонија е пример како соработката со УКЕФ влијае врз регионалниот еконономски развој, истакна Николоски на средбата, притоа додаде дека Обединетото Кралство е стратешки партнер на Македонија во развојот на земјата и во тој конткест соработката се насочува кон подршка на економскиот и општествениот развој.
Исто така беа разменети информации за соработката меѓу Македонија и Обединетото Кралство во насока на подршката што ја обезбедува оваа Агенција во рамки на нејзините државни политики.
На средбата покрај вицепремиерот Николоски, учество земаа и ресорни министри од Србија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Албанија.