Контакт

Македонија

(Видео) Безбедни семејни паркинг-зони за бремени жени и мајки со деца

Објавено пред

„Безбедноста во сообраќајот е еден од главните приоритети на Министерството за внатрешни работи. Оттаму и како министер за внатрешни работи, но и како граѓанин, апсолутно ја поздравувам и поддржувам иницијативата на Авто мото-сојузот на Македонија за приклучување кон проектот за зголемување на степенот на сообраќајна безбедност, особено на оние популациски групи, како што се во конкретниот случај бремените жени, односно мајките и дечињата до тригодишна возраст“, порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на презентацијата на проектот „Безбедни семејни паркинг-зони“.

dobivaj vesti na viber

На настанот беше потпишан и меморандум за соработка меѓу МВР и носителот на проектот, Авто мото-сојузот на Македонија, како и Министерството за транспорт и врски, ЗЕЛС, Факултетот за безбедност и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство за заеднички активности за негова реализација.

Според Спасовски, проектот „Безбедни семејни паркинг-зони“ го заслужува должното институционално внимание: „Како министер за внатрешни работи сакам веднаш да нагласам дека полицијата, како и претходно така и сега, е целосно отворена за соработка, за заедничко разгледување на сите идеи и предлози – како, кога, на кој начин ќе може сето тоа да се операционализира, а првенствено во интерес на нашите граѓани, односно во интерес на подигањето на нивото на сообраќајна безбедност“, нагласи министерот Спасовски.

Во склоп на проектните активности планирано е обележување посебно паркинг-место на паркинзите, резервирано за бремени жени и возачи на возила во кои се превезуваат деца до тригодишна возраст. Возилата на целните групи ќе бидат обележани со налепници.

Македонија

Мемов: Примената на Договорот за електронска размена на податоци помеѓу Фондовите на Македонија и Црна Гора ги дава очекуваните резултати

Објавено пред

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Никола Мемов, во Подгорица имаше работна средба со директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Црна Гора, Владимир Дробњак.

dobivaj vesti na viber

На состанокот претставниците на двата Фонда разговараа за досегашната примена на Договорот за електронска размена на податоци помеѓу двата Фонда и за Техничкиот протокол за имплементација на Договорот, како и за чекорите што треба да се преземат во иднина за да се подобри соработката.

„Многу сме задоволни што соработката со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија е одлична и придонесува за подобро остварување на правата од оваа област“, рече домаќинот на средбата, директорот на црногорскиот Фонд на ПИО, Владимир Дробњак. Тој додаде дека средбата е можност да се согледаат досегашните резултати и да се види каде може да има подобрување на истите. Дробњак, исто така, информира дека по даночната реформа која што е спроведена во Црна Гора, дефицитот на нивниот Фонд изнесува 57,9 проценти и тој се надополнува со трансфери од централниот буџет, а пензиите во изминатиот период ги имаат зголемено за 12,34 проценти.

„Добро е што во интерес на продлабочувањето на соработката со Фондот на Црна Гора ги согледуваме состојбите и ќе можеме да се договориме за понатамошните чекори за подобрување на истата“, рече директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов. Тој ги информира домаќините дека во периодот од септември 2024 година, до сега пензиите се зголемени за 29,6 проценти, што значи дека за пензионерите се издвојуваат речиси 500 милиони евра повеќе.

Помошничката на директорот за остварување на права во црногорскиот Фонд, Милка Вранеш извести дека од први јануари 2026 година примената на Договорот со Македонија, како и на оние склучени со Федерацијата на Босна и Херцеговина и на Република Србија ќе биде во надлежност на подрачните одделенија.

Директорката на секторот за права во македонскиот Фонд на ПИО, Билјана Стојанова информира дека е направена измена на членот 127 од Законот за ПИО, со која се воведува месна надлежност, односно барање за пензија може да се поднесе во местото на живеење на подносителот, а не како досега онаму каде што било последното вработување.

Директорот на Секторот за ИТ во Фондот на ПИОМ, Нехат Мустафа, нагласи дека примената на Договорот за електронска размена на податоци се одвива по зацртаниот план, а помалите технички проблеми се отстрануваат успешно во заедничка соработка со црногорскиот Фонд.

На состанокот беше заклучено дека за да се подобри ефикасноста е потребно задолжително да се зема изјава во која странките ќе наведат каде и во кој период работеле, во случаите кога подносителите на барање за старосна пензија немаат работна книшка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Објавено пред

Од

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривични дела – насилство и спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

dobivaj vesti na viber

Обвинетиот на 10 декември извршил грубо насилство спрема двајца новинари во дневно-информативниот онлајн медиум „Инфомакс“, како и спрема гостин во нивната емисија, со што ги спречил во вршење на професионалната дејност.

„Додека емисијата „Тешки муабети“ се емитувала во живо на YouTube и на социјални мрежи, обвинетиот пишувал навредливи и заканувачки коментари за еден од новинарите поради критиките што во емисијата биле упатувани кон премиерот. Потоа обвинетиот дошол на адресата на која се наоѓа студиото, ја обил влезната порта, ги искршил и влезната врата од објектот и вратата на студиото, па како резултат на тоа емисијата била прекината. Еден од оштетените се обидел да го задржи обвинетиот да не влезе во студиото, но тој продолжил да вика и да им се заканува по живот, ги пцуел и ги навредувал присутните, а се обидувал и физички да ги нападне, замавнувајќи со рацете и фрлајќи со чаша кон нив. Оштетените повикале полиција, додека во меѓувреме успеале да го смират обвинетиот и да го извадат надвор на улица“, се наведува во соопштението од обвинителството.

Со насилничките дејствија обвинетиот предизвикал чувство на несигурност и страв кај оштетените и други присутни лица.

Медицинското вештачење на обвинетиот покажа дека и покрај неговата претходна душевна здравствена состојба, тој делото го извршил во состојба на пресметливост. Согласно тоа, јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор со цел негово обезбедување во текот на постапката.

Основното јавно обвинителство Скопје истакнува дека приоритетно постапува во сите предмети кои се однесуваат на евентуални напади врз новинари и загрозување на слободата на говор.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Општина Гази Баба почна со уривање дивоградби

Објавено пред

Од

Општина Гази Баба почна со уривање дивоградби. Градоначалникот објави дека од 5 часот утрово се урива дивоградба во Инџиково.

dobivaj vesti na viber

„За урбаната мафија нема место во Гази Баба. Законот мора да се почитува. Во Инџиково од рано утрово во тек е акција за рушење на бесправно изграден објект. Во моментот на акцијата, објектот беше во приземје – карабина фаза, со јасна намера за надградба на уште еден кат. И покрај донесеното решение од градежниот инспектор за стопирање на градбата и затворање на градилиштето, субјектот не постапил по решението и продолжил со градежни активности“, објави градоначалникот Бобан Стефковски.

Тој упати апел до сите граѓани да ги почитуваат законите и да не започнуваат градба без добиено Одобрение за градење.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за...

Македонија56 минути

Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот

Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и...

Регион2 часа

Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора, проширувањето на ЕУ, за прв пат по повеќе од десет години, стана реална можност

Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок...

Свет2 часа

Трамп го критикуваше Бајден: Тој го остави хаосот, јас ја извлеков Америка од работ на пропаст

Во своето обраќање до нацијата во среда вечерта, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за...

Свет3 часа

Минск е можно место за нова средба меѓу Путин и Трамп

Можна нова средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се одржи во Белорусија,...

Регион3 часа

Шефот на Европскиот совет: Западниот Балкан избира, да остане во минатото или европска иднина

Западен Балкан може да избере да остане заробен во минатото или да продолжи кон заедничка иднина во Европската Унија, изјави...

Македонија16 часа

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија16 часа

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија22 часа

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...

Македонија23 часа

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

Граѓаните што направиле некој од четирите прекршоци што ги регистрираат камерите на „Безбеден град“ и без да им стигне известување...

Македонија23 часа

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска, соопшти Комисијата за спречување на корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на...

Македонија23 часа

Орце продолжува со скандалозни назначувања, партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошката, велат од Левицата

Левицата предупредува дека најавите за ново раководство во Зоолошката градина во Скопје претставуваат уште еден алармантен пример за тоа како...

Македонија24 часа

Куќен притвор и 24-часовен надзор за Љупчо Пецов-Ѓаволот, доставил документи за влошена здравствена состојба

Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, на...

Топ1 ден

Кривични пријави за измама и давање лажен исказ: изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи...

Топ1 ден

Ја убиле со пиштол, телото ѝ го спуштиле во дупка и го запалиле: истрага против две лица за свирепо убиство на жена во гостиварско Неготино

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело – Убиство...

Македонија1 ден

„Дали Коцевски тактизира со оставката за да купи време и да се забошотат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење...

Свет1 ден

Трамп ја продолжи забраната за патување во САД за уште седум земји

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го прошири списокот на земји чии граѓани имаат забрана за патување во Соединетите Американски Држави,...

Свет1 ден

Терористот од Сиднеј обвинет за 59 кривични дела

24-годишниот Навид Акрам, кого полицијата го сомничи дека стои зад масакрот на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за вкупно...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го...

Македонија2 дена

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...