Македонија
Без вода делови на улиците Московска и Партизанска
Поради промена на затворачи ф 300 мм и ф 150 мм на крстосницата на булеварот Партизански одреди и улицата Московска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Московска и дел од булеварот Партизански одреди (потегот од бр. 130 до крстосницата со улицата Московска).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување на санацијата на дефектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ахмети се сретна со Спиропали: Заедно во Европа
Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска во Скопје се сретна со претседателката на Собранието на Република Албанија, Елиса Спиропали.
„Со Спиропали разговаравме за прашањата поврзани со членството на нашите две земји во Европската Унија, пат што го поминавме заедно и имаме многу предизвици пред нас.
На Спиропали и ја изразив мојата загриженост во врска со меѓуетничките односи во Северна Македонија, како и за нарушувањето на легитимитетот што произлегува од волјата на народот демократски изразена преку слободно гласање.
Исто така, разговаравме и за потребата од проверка со меѓународен надзор, споделувајќи конкретни искуства со Албанија во оваа многу важна сфера. Албанија и Северна Македонија, како две сојузнички земји, мора заедно да го продолжат својот пат кон интеграција во Европската унија“, изјави Ахмети по средбата со Елиса Спиропали.
Македонија
(Видео) „Пендаровски, кога глумеше скромен, рече дека ќе ангажира тројца вработени за потоа да бара средства за четворица“, вели Јаревски
„Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица. Два месеци откако Пендаровски замина oд функцијата, тој побарал покрај 3те редовно ангажирани лица, да му се одобрат финансиски средства за ангажирање на 4-то лице“, вели Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сумата која Пендаровски ја барал за ангажирање на 4тото лице е 51.000 денари.
Стево Пендаровски ги манипулира граѓаните и лажно се претставува за скромен, а всушност бара повеќе пд тоа што јавно се го изјавуваше.
Стево Пендаровски е истиот како кога беше претседател.
Стево Пендаровски ги менува ставовите по потреба“, изјави Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Запленети облека, обувки, бижутерија, очила, рачни часовници, камагра
Во текот на минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за шверцување, при што привремено се задржани облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока и друго.
– 113 пара очила и 13 рачни часовници од познати светски марки, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. Патникот се упатил кон зелениот канал каде поминуваат патници кои немаат што да пријават за царинска контрола, но при преглед на неговите два куфери со скенер биле пронајдени непријавените производи кои се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 318 парчиња накит-бижутерија (обетки, синџирчиња, нараквици и прстени), откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, со кој за влез во државата се пријавиле еден македонски државјанин, како возач, и еден српски државјанин како сопатник. Непријавените производи, пронајдени во преградите под предните седишта на автомобилот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
– 197 парчиња детска облека (скафандери, јакни, бањарки, пижами и боди) откриенa на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавил македонски државјанин. Непријавените производи се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 124 парчиња облека (елеци, панталони, џемпери, јакни, здолништа, фустани, фармерки, кошули, блузи, маици и друго), 3 чанти и 20 парчиња накит-бижутерија, откриени од страна на царинските службеници од граничниот премин Дојран, при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата. Непријавените производи биле пронајдени во 8 кеси сместени во багажниот простор и под совозачкото седиште. Истите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Покрај тоа, поради сомневање дека дел од производите повредуваат права од интелектуална сопственост, ќе биде поведена и постапка за утврдување на нивната оригиналност.
– 255 разни производи (облека, обувки, постелнина, садови за домаќинство, техничка стока, алат парфеми и монтажни сушарки), откриени при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Во товарниот дел на возилото биле пронајдени непријавените производи. Истите се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 125.684 парчиња разни производи, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин. Возилото било сопрено на наплатна станица Романовце, и откако при визуелен преглед било констатирано дека во товарниот дел има стока од трговски карактер за која возачот не поседувал документ за платени царински давачки, извршен е детален преглед и привремено задржани се 120.000 жилети, 1.200 запалки, 1.100 кесички камагра, 23 килограми маџун, 47 килограми мед, 722 парфеми и 89 тоалетни води. За сторениот царински прекршок, против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Производи за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост
– 5.111 играчки со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во два одвоени случи од страна на мобилните царински тимови, при контрола на стока со потекло од Кина, сместена во јавен царински склад, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3.
Во првиот случај, фирма од Скопје со две царински декларации, пријавила детски играчки за увозно царинење. Мобилен царински тим извршил контрола на пријавената стока, но и на остатокот од стоката која била ставена на привремено чување, при што биле откриени 3.144 играчки за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.
Во вториот случај, при контрола на детски играчки пријавени за увозно царинење од страна на друга фирма од Скопје, биле откриени 1.967 играчки за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Во двата случаи сомнителните производи се привремено задржани и, согласно законските прописи, ќе бидат започнати постапки за утврдување на нивната оригиналност, известува Царинската управа.