Македонија
Без струја делови на Аеродром, Карпош и Петровец

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа во Град Скопје, без електрична енергија ќе останат:
Во време од 8:30 до 10:00 часот, корисниците од: дел од с. Горно Лисиче на влез од селото од страна на населба Лисиче до школото, центарот за рециклажа во с. Горно Лисиче до ОХИС, железничката станица во Лисиче (опш. Аеродром)
Во период од 9:00 до 11:00 часот, корисниците од бул. Јане Сандански бр.88, бр.100, бр.104, бр.106 (опш. Аеродром)
Во време од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од ул Тодор Чангов, делот кај малите броеви на подулици (опш. Аеродром)
Во период од 9:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од објектите на ул. Никола Тесла околу ресторан „Лира“ и градинката (опш. Карпош)
Во време од 8:30 до 14:00 часот, корисниците од бул.АСНОМ, угостителските објекти во паркот со авиончето (опш. Аеродром)
Во време од 8:15 до 13:30 часот, корисниците од населба Петровец: Македонијапат кај Рампа Петровец, Полициска станица кај Рампа Петровец, нас. Чојлија (кај Рампа Петровец), наплатна рампа Петровец (опш. Петровец)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.