Македонија
Без струја делови на Карпош, Сарај, Илинден, Гази Баба и Кисела Вода

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат:
Во периодот од 9:00 до 14:30 часот корисниците од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 90, 92, 94 и 96, дел од ул.Осло, дел од ул. Војвода Васил Чакаларов (општина Карпош).
Во периодот од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од село Рашче (опш. Сарај), Индустриска зона Илинден, с. Стајковци, с. Марино, населба Белви и околина, с. Кадино, населба Илинден, с. Јурумлери, с. Брњарци, Индустриска зона Марино, с. Арачиново, с. Белимбегово (општина Илинден и Гази Баба).
Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, дел од с. Морани (општина Студеничани).
Во периодот од 9:30 до 11:30 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев, подуличка 11 (општина Кисела Вода).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Британската амбасада по договорот: Почнува нова ера во односите со Северна Македонија

Почнува нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија по потпишувањето на договорот влада со влада, соопшти британската амбасада во Скопје.
Во соопштението се вели дека партнерството ќе ја зајакне трговијата и ќе поттикне економски раст.
„Ова партнерство ја поддржува реализацијата на клучни инфраструктурни проекти во разни сектори, вклучувајќи транспорт, здравство, енергија и технологија. Ќе има пристап до широка поддршка, вклучувајќи техничка помош и до 5 милијарди фунти поддршка од ‘УК експорт финанс“ за проекти во Северна Македонија. Партнерството ја нагласува заложбата на двете нации за соработка на клучни инфраструктурни проекти, кои носат социјални, економски и еколошки придобивки. Со искористувањето на експертизата и иновациите на двете земји ова партнерство ќе овозможи развој на отпорна инфраструктура што поттикнува раст и благосостојба“, велат од Амбасадата.
Формалната церемонија на потпишување се одржа вчера, 22 мај, во Лондон во присуство на британскиот министер за извоз, Герет Томас, и вицепремиерот Александар Николоски.
Министерот за извоз Герет Томас ја изрази својата возбуда:
„Ова партнерство отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија. Обединетото Кралство има огромно искуство во испорака на висококвалитетна инфраструктура во светот и драго ми е што го почнуваме ова ново партнерство што ќе помогне повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“.
Британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон, изјави:
„Остваривме значаен чекор во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија со потпишувањето на договорот влада со влада. Г2Г ќе ги зајакне веќе одличните трговски врски меѓу нашите земји и ќе ја поддржи реализацијата на клучни инфраструктурни проекти во сектори како транспорт, здравство, енергија и технологија. Како британски амбасадор, се гордеам што нашите влади го постигнаа ова историско партнерство, кое ќе им користи на граѓаните на двете земји. Стоиме заедно силни и обединети“.
Неодамна британскиот премиер Кир Стармер и македонскиот премиер Христијан Мицкоски го поздравија новото стратешко партнерство на Ссмитот на Европската политичка заедница во Тирана, на 16 мај 2025 година. Ова Г2Г претставува почеток на проширена трговска и инфраструктурна соработка.
Партнерствата влада со влада (Г2Г) се формални договори со кои се овозможува пристап до јавна и приватна британска експертиза за конкретни проекти или програми со комерцијални придобивки.
Вкупната трговска размена (извоз и увоз) меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија изнесувала 1,7 милијарда фунти во четирите квартали заклучно со третиот квартал од 2024 година.
Обединетото Кралство е втор најголем трговски партнер на Северна Македонија во истиот период.
Македонија
Промоција на новите паркинг-билети на ЈП ПОЦ

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, вчера, успешно реализира информативна акција за промоција на новите паркинг-билети во Дебар Маало, соопштија од таму.
Во рамките на акцијата, како што информираат, на граѓаните им беа дистрибуирани летоци со информации за новите типови на паркинг-билети достапни во Општина Центар.
„Станува збор за мултинеделен паркинг-билет, со цена од 2.000 денари, која важи 7 дена и овозможува паркирање на сите комерцијални паркиралишта во зона 1 и зона 2.
Гостински паркинг-билети, наменети исклучиво за жители со склучен кориснички договор, и тоа:
– дневен гостински билет по цена од 300 денари;
– неделен гостински билет – по цена од 1.200 денари.
Овие гостински билети, според соопштеното, може да се користат само на отворени типови паркиралишта (комерцијални и резидентни) во секторот во кој жителот има пријавено живеалиште.
На настанот учестуваа градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, и директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски, кои на самото место остварија средби со граѓаните и ги информираа за придобивките од новите паркинг-билети. Тие ја истакнаа важноста на модернизацијата на паркинг-системот и овозможувањето полесен и поефикасен пристап за сите корисници.
„Со оваа активнос, продолжуваме со транспарентна комуникација со жителите на општината и креирање практични решенија за секојдневните потреби на граѓаните. Новите паркинг-билети се дизајнирани за поголема флексибилност и ефикасност при користење на паркинзите во Центар,и може да се купат на ве- страницата www.poc.mk“, се истакнува во соопштението.
Македонија
Муцунски ја пречека Каја Калас: Ќе разговараме за недвосмислената европска перспектива

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски ѝ посака добредојде на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Kaja Калас, во Скопје.
„Пред нас е исполнета агенда со повеќе средби, на кои очекувам конструктивна и отворена дискусија. Во фокусот на разговорите ќе бидат недвосмислената европска перспектива на нашата држава, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, потребата од забрзување на процесот на пристапување, како и континуираната посветеност на спроведувањето на реформите“, напиша Муцунски на социјалните мрежи.
Во рамките на посетата ќе се одржи и првиот дијалог за безбедност и одбрана со Европската Унија во контекст на партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во ноември 2024 година, што претставува значаен дел во продлабочувањето на соработката со Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика.