Македонија
Без струја делови на Кисела Вода, Центар, Карпош…
Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат повеќе скопси населби.
Во периодот струја ќе немаат од 8:30 до 15 часот корисниците од улиците Сердарот и Ратко Митровиќ и целиот реон кај ТИПО и Туланата (општина Кисела Вода). Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе останат и корисниците од броевите 57. 59 и 108 на ул. Востаничка (општина Центар), од 13 до 15 часот корисниците од сите стопански и нестопански објекти на територијата на општина Зелениково (општина Зелениково).
Во периодот од 9 до 11 часот струја ќе немаат корисниците од непарните броеви од бр. 65 до бр. 81 на ул. Јуриј Гагарин, парните броеви од бр. 4 до бр. 18 на истата улица и зграда бр. 149 на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов (општина Карпош), од 9 до 12 часот дел од корисниците од ул. Ацо Шопов т.е. околу бројот 9 (општина Бутел), од 12:30 до 14:30 часот делови од улиците Шарпланинска, Пекљане, Торонто и Антон Кецкаров (општина Шуто Оризари)
во периодот од 9:15 до 15:00 часот корисниците од дел од с. Рашче (општина Сарај).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.
Македонија
Сончево време со мала до умерена облачност, температурата до 10 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 7 степени.
До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините. Температурите ќе бидат во постепен благ пораст.
Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.

