Скопје
Без струја делови од Петровец и Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o.jpg)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги информира граѓаните дека, поради технички зафати во електро истрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе станат:
на ден 01.07.2024 година (понеделник):
• од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од населените места: Долно Коњаре, Средно Коњаре, Горно Коњаре, Дивље и Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
• од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
на ден 02.07.2024 година (вторник):
• од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Козле, поточно објектите со парни куќни броеви од бр. 2 до бр. 4. (Општина Карпош)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
Герасимовски: Ги отстранивме двете паднати дрвја на улица Орце Николов и стеблото паднато кај Клинички
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/padnato-drvo-centar.jpg)
Излеговме во пресрет на ЈП Паркови и зеленило и веднаш ги отстранивме двете паднати дрвја на улица Орце Николов, како и стеблото паднато кај Клинички Центар, извести градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
Тој ги повика ЈП Паркови и зеленило „на време да реагираат на пријавите на жителите за отстранување на дрвата што се стари и исушени бидејќи истите претставуваат закана за безбедноста на пешаците и сообраќајот“.
„Подготвени сме и ние самите да интервенираме за да ги превенираме ваквите случаи особено околу училиштата и градинките, но за тоа, повторно треба да нагласам, ЈП Паркови и зеленило треба благовремено да одговара на нашите барања да се отстранат болните и оштетени дрва што се ризик за околината“, вели Герасимовски.
Скопје
Општина Ѓорче Петров ангажира механизација за одржување на јавните површини
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Слика-1-02.07.2024.jpg)
Општина Ѓорче Петров првпат ангажира механизација за одржување на јавните површини, кои се во надлежност на Општината. Склучен е договор за изнајмување на две метларки, една цистерна за миење улици и камион со преса за собирање зелен отпад.
„Со оваа мерка значително ќе се подобри ефикасноста во одржувањето на хигиената на сите јавни површини во надлежност на Општината, а паралелно со тоа, ќе се постигне и подигнување на јавната чистота на повиско ниво“, изјави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Тој истовремено упати апел да не се оставаат возилата на коловози за да може непречено да се врши работата.
„Да направиме заеднички мали промени во секојдневните наши навики, што на долг рок значително ќе ги подобрат состојбите на сите нивоа во Ѓорче Петров. Јавната хигиена зависи од сите нас. Апелирам да бидеме одговорни“, нагласи Стојкоски.
Општина Ѓорче Петров и во наредниот период ќе работи на изнаоѓање решенија, кои ќе донесат квалитет и континуирано одржување на екологијата и чистота, а со тоа и сочувување на здравјето на нашите жители.
Македонија
Отстранети 330 кубни метри отпад од диви депонии во неколку скопски општини
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/divi-deponii.jpg)
Во текот на изминатите неколку дена Јaвното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје реализира низа вонредни активности за подигнување и транспорт на отпад од диви депонии на повеќе локации.
Отстранети се приближно 330 кубни метри непрописно одложен кабаст, градинарски и мешан комунален отпад во близина на арената „Борис Трајковски“ и во населбата Трнодол во скопската општина Карпош, на улиците Никола Пушкаров, Христо Батанџиев и Лука Геров во општина Ѓорче Петров, на улиците Џон Кенеди, Вуковарска и Христијан Тодоровски-Карпош во општина Чаир, како и на улиците Февруарски поход, Коста Новаковиќ, Анастас Митрев и Васко Карангелевски во општина Аеродром. Повторно е интервенирано и на булеварот Никола Карев, во непосредна близина на Амбасадата на САД.
Отстранетите диви депонии се лоцирани околу контејнерите наменети за одлагање комунален отпад, а се создаваат во периодот кога садовите се сосема празни и отпадот може да се одложи во садовите.
Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје повторно апелираат да престане тенденциозното непрописно и несовесно исфрлање отпад на јавни површини, што директно придонесува за загадување на животната околина и го загрозува јавното здравје.