Македонија
Без струја делови од скопски општини
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром (општина Ѓорче Перов);
-Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
-Од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од викендиците на Побожје(општина Чучер Сандево).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најстудено утрово на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени
Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -8 било Берово и Маврови Анови, -7 во Крушево и Крива Паланка, -5 во Тетово, -4 во Скопје-Петровец, Штип, Битола, Демир Капија, Виница и Претор, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Куманово, Прилеп, Охрид и Дебар, -2 во Кавадарци, 0 во Велес, 2 во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во седум часот утрово изнесувала 32 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови.
Времето денеска
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Македонија
В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“
Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Маршот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“.
Како што се објавува на социјалните мрежи, другарките на Фросина Кулакова која беше прегазена на 29 јануари, организираат бесплатен превоз до Неготино и назад за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од протстот.
Според најавата која се шири на социјалните медиуми од Скопје автобусите ќе поаѓаат во сабота во 11 часот пред хотелот „Холидеј Ин“, а се повикуваат учество да земат и студентите.
Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.
Македонија
„Тој се’ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев
Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев на социјалните мрежи ја коментираше тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена Фросина Кулакова, немала да се случи ако возачот добил затворска казна.
„Тезата дека сообраќајката немала да се случи ако возачот добил затворска казна е неточна и лаичка! Тој се’ уште не е правосилно осуден и се чека одлука од Апелација. Тоа значи дека и да добил затвор ништо немало да се промени“, напиша тој.