Македонија
Бектеши за зголемувањето на платите од 78 отсто: Тоа е одлука на Уставниот суд, бев на пат кога се отвори како тема, да почекаме одлука на Владата

По најавите од функционери дека ќе го донираат зголемувањето на платите од 78 % по одлуката на Уставниот суд, министерот за економија, Крешник Бектеши, повика да не користат вакви моменти за да се покажат хумани и солидарни за да добијат политички поени. За да го каже сопствениот став за покачувањето на платата, Бектеши вели дека ќе почека одлука на Владата, за која вели дека ќе биде колективна.
„Сум бил на пат заедно со претседателот на Владата во Република Србија кога се отвори како тема, во согласност со моите информации. Тоа е одлука на Уставниот суд, никаква одлука не е донесена од страна на Владата. Не се опфатени само челновите на Владата, во овој случај министрите, заменик-министрите, туку сите именувани лица. Јас ќе поддржам секаква одлука од Владата, но сакам искрено една работа да кажам. Гледам во јавноста излегуваат политичари за да се покажат хумани, солидарни, ќе донираат процент од платата или она што е зголемување. Тој што сака да донира не треба да го направи тоа јавно, секој може да поддржи одредени категории граѓани. Да не користиме вакви моменти да се покажеме хумани за да добиеме политички пени. Да почекаме Владата да донесе одлука, ќе биде колективна“, рече министерот Бектеши на прес-конференцијата, на која ги соопшти замрзнатите цени на уште 11 производи, овој пат овошје и зеленчук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, попладне до 30 степени

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Муцунски на средба со сенаторот Петер Велч во Вашингтон

На првиот ден од работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со сенаторот Петер Велч, еден од иницијаторите на новата резолуција во Сенатот на САД со која се одбележуваат 34 години од независноста на Република Северна Македонија и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави.
Министерот Муцунски ја нагласи важноста на оваа резолуција како потврда за силното пријателство и доверба што ги обединуваат македонскиот и американскиот народ. Тој подвлече дека Република Северна Македонија останува посветена на заедничките евроатлантски вредности, демократијата, владеењето на правото и стабилноста на Западен Балкан.
На средбата се разговараше и за унапредувањето на билатералните односи, поддршката за европскиот пат на Северна Македонија, како и за заедничкото уверување дека посетата ќе отвори нови можности за уште посилна соработка меѓу двете земји.
Во текот на денот, предвидено е министерот Муцунски да оствари средби со повеќе претставници на Конгресот на САД, како и да се обрати на свечен настан организиран по повод 8 Септември – Денот на независноста, во присуство на македонската дијаспора.