Македонија
Битиќи: Со мултикултурализам, толеранција и повисоки плати и пензии ќе го поразиме национализмот
„На парламентарните избори на 8-ми мај се одлучува за иднината на државата, Македонија е во прашање. Ако дозволиме национализмот повторно да се врати, тогаш ќе се соочиме со унгарско сценарио, со изолација, враќање назад во грдото минато кога имавме заробена држава и поделено општество. Тоа е едната опција, а другата е патриотска, која нуди иднина за нашите млади и повисоки плати и пензии за граѓаните“, порача на денешните средби со жителите Куманово, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.
Потпретседателот на СДСМ, Битиќи истакна дека национализмот на ВМРО-ДПМНЕ е закана за ткивото на општеството, тој е опасност за европските перспективи на државата.
„ВМРО ДПМНЕ планира да го блокира напредокот кон ЕУ и со тоа да ја уништи надежта за подобра иднина, сакаат да стават крај на слободата на медиумите и повторно целосно да го узурпираат судството. За да го сокријат својот криминал и корупција нема да ги поштедат и меѓуетничките односи. Нив не ги интересира соживотот, немаат толеранција кон различните, во нивниот свет секој кој не е како нив е исклучен и дискриминиран“, рече Битиќи.
Меѓу другото, тој пред кумановчани повика на обединување на сите прогресивни сили, сите да застанат едни покрај други против ВМРО-ДПМНЕ, противникот на прогресот на државата.
„СДСМ е силна партија, подготвена да се бори за граѓаните и да ги обедини демократските гласови околу европската идеја. Нашата програма вклучува мерки за подобар живот, за соживот, за членство во ЕУ до 2030 година. Нашата програма е патриотска, а не националистичка, затоа што ние сме за повисоки плати и пензии, за мир, толеранција и меѓусебно разбирање,“ рече Битиќи.
Зборувајќи за изборната програма на СДСМ, Битиќи потсети дека патриотизмот на партијата може да се согледа во ветувањето граѓаните во наредните четири години да имаат рекорден износ на плати од 1.100 евра, додека минималната плата ќе биде 600 евра.
„Во нашиот патриотизам има место и за највозрасните, минималната пензија ќе изнесува 20.000 денари, додека просечната ќе се зголеми на 30.000 денари. Не се откажуваме ниту од младите, по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години, а тоа што го ветивме на економски план изминатите 7 години, тоа и го остваривме“, рече Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

