Македонија
Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место
Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и повреда на избирачки молк. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, вели дека тие не може да го нарушат избирачкиот процес.
„Во текот на изминативе часови се појавија одредени написи во одредени медиуми за одредени инциденти. На пример, во Липково, а претходно во Битола. По проверката, се надминаа инцидентите и гласањето продолжи. Имаше еден инцидент со гласачко ливче, гласачот го сликал ливчето. Од страна на МВР беше санкциониран. Исто така, има гласачка во Битола, која се обидела едно ливче да изнесе од гласачкото место. И таа е санкционирана, го заборавила, го оставила ливчето“, рече претседателот Деркоски.
Сите досегашни недоразбирања и инциденти ги решило МВР во соработка со изборните органи. Деркоски рече дека се во постојан контакт со изборните органи на терен и се надева дека успешно ќе го завршат изборниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

