Македонија
Блокада на реформските процеси или изгласување на законот за јазиците?
Законот за јазиците оваа недела повторно треба да се најде на пленарна седница на Собранието, според најавите на собранскиот спикер Талат Џафери. На собраниската веб-страница засега нема информација за закажување оваа седница. Народните избраници ќе треба да ги разгледаат поднесените 35.000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, иако е можно за се прејде на директно гласање на законот без никаква дебата.
Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, за „Макфакс“ изјави дека во тек е усогласување на ставовите меѓу пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тој додаде дека кога-тогаш законот ќе биде изгласан. Минатата недела беше одложена седницата бидејќи пратениците не постигнале договор за изгласување на законот за јазиците. Засега се чува во тајност што се договориле коалициските партнери СДСМ и ДУИ.
СДСМ изминатата недела повика на дијалог, а ВМРО-ДПМНЕ вели дека не отстапува од амандманите. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, вчера ја повика владејачката структура на чело со Зоран Заев да се откаже од законот за јазиците, а за возврат ВМРО-ДПМНЕ безусловно ќе ги поддржи сите реформски процеси.
Претседателот на Соранието, Талат Џафери, минатата недела изјави дека веќе нема простор за одложување, а законот ќе мора да биде ставен на гласање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

