Македонија
Богоевски до Вељаноски: Не сме тука да го цениме обвинението, туку да расправаме за имунитетот

Не сме тука да ги цениме околностите што ви се товарат за обвинението, туку да расправаме за барањето дали да ви се одземе имунитетот, му рече Павле Богоевски на пратеникот Трајко Вељаноски за време на седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.
„Убаво ја опишавте хронологијата на настаните за конститутивната седница, но не може да ме убедите дека од декември до април има само еден месец. Со траењето на седницата 4 месеци ризикуваме да се блокира цела држава. Според мене, треба да пстапиме како во сите други случаи кога суд барал одземање имунитет. Да се заврши постапката во суд, а не други институции да се користат во политички цели“, рече Богоевски.
Вељаноски возврати дека треба да има дискусија, а не собранието само како нотаријат да псотапува со удирање еден печат на барањето од судот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Над 15.000 матуранти утре ќе полагаат мајчин јазик и литература

Над 15.000 матуранти утре ќе го полагаат мајчин јазик и литература, задолжителен дел во рамки на првиот екстерен испит.
За државна матура годинава се пријавени 15.004 кандидати, од кои 8.816 ученици се од средните стручни училишта, 5.966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование.
Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика), ќе се полага на 11 јуни.
Матурантите кои во јуни нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора шанса. На 12 август е испитот по мајчин јазик, а два дена подоцна е полагањето на изборниот екстерен испит.
Македонија
Вкусна трпеза и музика во 18 часот во Паркот на Франкофонијата во Скопје

Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува скопјани денеска во 18.00 часот на добра традиционална македонска и европска трпеза во Паркот на Франкофонијата. Герасимовски вели дека културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“ e можност за дружење, културна размена и зајакнување на заедништвото.
„Денеска, со почеток во 18.00 часот повторно го организираме настанот ‘Нож и виљушка на европска чинија’, кадешто ќе дегустираме вкусна храна и ќе слушаме добра музика од диџеј Зоки Бејбе и Наде Талевска бенд. Центар поврзува – преку храна и музика. Ве чекаме во Паркот на Франкофонија да го прославиме богатството на различности со убава трпеза и пријатна атмосфера“, истакнува Герасимовски.
Гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“ е организиран од Општина Центар и истиот е отворен за сите граѓани.
Македонија
Објавен конкурсот за државната награда „Св Климент Охридски“ за 2025 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година.
Со оваа награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.
Конкурсот за државната награда ќе трае од 1 до 30 јуни 2025 година.