Македонија
Богоев: Создаваме услови за поголеми инвестиции – американската „Амфенол“ со континуиран раст на извозот

„Подобрувањето на условите за водење бизнис преку олеснување и забрзување на трговијата е еден од најголемите приоритети на Царинската управа. Целта е зголемување на конкурентноста на македонската економија и извоз со поголема додадена вредност, што крајно ќе овозможи подобрување на стандардот на граѓаните. Извозот на американската компанија ‘Амфенол’ е во континуиран пораст. Во 2021 година извозот е 7 милијарди денари, во 2022 година 8,8 милијарди денари, а годинава за неполни 10 месеци компанијата остварила извоз од 7,8 милијарди денари. Нашите заложби се создавање услови за поголеми инвестиции преку зголемување на ефикасноста на Царината“, истакна директорот на Царинска управа, Стефан Богоев, во разговор со генералниот директор на „Амфенол технолоџи Македонија“ на прославата на 10 години од нивното постоење во Република Северна Македонија.
Во рамките на денешниот настан на директорот Богоев му беше врачена и плакета за успешна соработка со Царинската управа.
Директорот Богоев истакна дека компаниите веќе ги чувствуваат бенефитите од ефикасноста на Царинската управа преку континуираното спроведување мерки и активности за ефикасна трговска политика.
„Свесни за улогата што ја имаме, Царинската управа и понатаму како сервис за стопанството ќе води ефикасна трговска политика, која ќе им овозможи на компаниите да ја подобрат својата конкурентност на меѓународниот пазар. Ефектите од ваквите политики ќе ги почувствуваат и компаниите и граѓаните“, рече Богоев.
Во 2022 година состојбата на странските директни инвестиции од САД изнесува 153,1 милион долари, што е околу 24 проценти повеќе од 2021 година и 48 проценти повеќе од 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце.
Граѓаните можат непречено да се движат во двата правци, а нормално функционира и граничниот премин Блаце, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Повеќе од 45 тони вода исфрли полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево

Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево, соопшти МВР.
„И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад, полицискиот хрликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање под контрола на истиот“.
Македонија
(Видео) Сè уште активен и надвор од контрола пожарот кај Чучер Сандево, со интервенција од воздух ќе се продолжи во утринските часови

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информираат од ЦУК.
Во текот на денешниот ден, на терен, како што појаснуваат надлежните, интервенирале сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК.
„Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки.
Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи“, според објавеното на социјалните мрежи.
Во раните утрински часови, како што појаснуваат, беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов.
Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.
За утре е планирано акциите да започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите, соопштија надлежните.