Македонија
Богојески: Време е битолчани да престанат да ги следат корумпираните политичари и да поддржат граѓански пратеници
Решавање на проблемите во Битола, отфрлање на корумпираните политичари, следење на имотната состојба на политичарите и поддршка на кандидатите на Македонски концепт кои со Законот за лустрација и потекло на имот, ќе придонесат за враќање на градот на битолчани, предизборниот карван на Македонски концепт им порача на граѓаните на Битола. Денеска караванот е во посета на градовите од петтата изборна единица, после Битола ќе бидат остварени средби до граѓаните на Охрид, Струга и Кичево.
„ Крајно време е да се направи нешто за да се смени состојбата во градот, а првиот чекор е со поддршка и заокружување на бројот 10 на избирачкото ливче. Време е Битола и целиот југозападен регион да ја напуштат праксата на следење лажни патриоти и бандити во политиката и конечно да поддржат граѓански листи составени од граѓани кои носат вистински решенија за проблемите. Верувам дека граѓаните на Битола ќе бидат посебно среќни и задоволни доколку ние со наши пратеници во Парламентот го наметнеме законот за финансиска лустрација и потекло на имот на политичарите. Овој закон е предвиден за сите политичари, почнувајќи од мене и останатите политичари од Битола, кои како што се покажа досега се надалеку и нашироко познати по своето криминално поведение за што Битола е доведена во ваква ситуација”, изјави Петар Богојески, Промотор на Македонски концепт, во Битола.
При посетата на Битола на карванот на Македонски концепт, средби со граѓаните остарија покрај промоторот, Петар Богојески, уште и носителот на ИЕ 5 Стево Насковски како и кандидатите за пратеници. Насковски им порача на своите сограѓани дека поддршката за Македонски концепт е поддршка за Битола на граѓаните, за политичари со вредности и принципи кои ќе се борат за закони што се суштински за создавање нормална држава и град без корумпирани политичари и лажни патриоти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната кинеска амбасадорка Џианг Сјаојен
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Обете изразија задоволство од квалитетот на македонско-кинеските односи, втемелени на заемна почит и разбирање.
За Сиљановска-Давкова, забрзаната интеграција во Европската Унија е македонски стратешки приоритет, а дијалогот – единствен начин за решавање на регионалните и глобалните проблеми и предизвици.
Пренесувајќи ги срдечните поздрави од претседателот Си Џинпинг и изразите на највисоко почитување од кинеската влада и народ, кинеската амбасадорка истакна дека Народна Република Кина е наш искрен, доверлив и сигурен пријател којшто ги почитува суверенитетот на македонската држава и достоинството и интегритетот на македонскиот народ.
Претседателката ги поздрави активностите на Катедрата за македонски јазик, при Универзитетот за странски студии во Пекинг.
Соговорничките препознаа неискористен потенцијал за проширување и продлабочување на соработката во економијата, образованието, културата, науката и туризмот.
Тие веруваат и го поддржуваат ефективниот мултилатерализам, чијшто центар на одлучување ќе бидат реформираните Обединети нации.
Македонија
Ѓорѓиевски најави: Вечерва почнуваат 72 часа за чистење на секој агол на Скопје
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој денеска ја презеде функцијата од неговата претходничка, Данела Арсовска, најави дека вечерва во 20 и 30 часот почнува големата акција за чистење на градот.
„Од овој ден испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град. Поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати. Ветивме дека ќе работиме чесно, одговорно и без одлагање и тоа започнува веднаш! Во 20:30 часот започнува големата акција за чистење на градот. Во следните 72 часа ќе го исчистиме секој агол, секоја улица, секој запуштен простор. Скопјани повеќе нема да живеат во запуштеност ќе живеат во град достоен за нив. Тоа е она што го ветив пред вас и за што цврсто стојам!“, објави Ѓорѓиевски.
Тој, исто така, кажа дека ги отстранил и рампите кај Град Скопје.

„Ги отстранивме и рампите. Скопје повеќе нема да биде затворен град, сега е отворен и за медиумите и за сите граѓани“, објави новиот градоначалник.
Ѓорѓиевски најави и целосна ревизија на работата на градската администрација и ветува дека секој кој не ја извршувал својата работа, ќе си замине, а секој чесен, вреден и одговорен работник ќе биде награден и почитуван.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Кристоф Зомер
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер.
Соговорниците ја оценија тридецениската соработка како пријателска и плодна, изразувајќи решеност и подготвеност за нејзино проширување и продлабочување.
Претседателката му се заблагодари на швајцарскиот амбасадор за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција. Исто така, таа и оддаде признание на Швајцарија за бројните и вредни донации во областа на заштитата на младите и жените, животната средина, како и во зајакнувањето на инклузивноста и одговорноста.
За швајцарскиот амбасадор, стоилјадната македонска дијаспора е вреден и почитуван актер во швајцарското општество.
Мултилатералната соработка, особено врзана за кандидирањето на престижни позиции двајцата ја сметаат за корисна, конструктивна и успешна.

