Македонија
(Видео) Бомбите не беа пуштени во судницата – Врховен ќе одлучува за изземање на судии во „ТНТ“
Бомбите не беа пуштени во судницата на денешното рочиште за случајот „ТНТ“. Следното рочиште е закажано за 13 април годинава. Врховниот суд треба да одлучи дали судиите за кои адвокатите на обвинетите во ТНТ побараа изземање заедно со претседателот на судот и апелациони судии може да одлучуваат во овој предмет бидејќи специјалната обвинителка Катица Јанева спомнала во интервју оти има телефонски разговори со судии кои, како што рекоа адвокатите, водат предмети на СЈО.
Станува збор за тројца поротници и двајцата судии Осман Шабани и Огнен Ставрев. Тие бараа да бидат изземени и претседателот на судот, Џолев Иван, Пајазит Пајазити и судиите на Апелациониот суд, Лидија Димчевска и Сафет Кадрии. Ова е втор случај во кој се бара изземање на судиите по „Топлик“, каде што беше побарано тоа, но судот не дозволи. Адвокатот на судот му достави цеде од емисијата и транскрипт.
На рочиштето за „ТНТ“ требаше да се слушаат 26 аудиоразговори од т.н. бомби во врска со уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Во овој предмет обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на Општина Гази Баба уште три милиони денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај, Гази Баба и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 д 15.00 часот, дел од корисниците од село Љубин (општина Сарај), како и објектите на компаниите Мајами, Ана Компани, Мак лифт и Прилепска Пивара. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците Никола Мартиновски и Азем Хајдари, Албанскиот Тетар и објектите лоцирани околу него (општина Чаир), како и дел од корисниците од село Бојане. (општина Сарај)
Македонија
Продолжува периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи. Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег
Македонија
Муцунски се сретна со еврокомесарката за проширување, Марта Кос
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево, во рамки на работната посета во Брисел, оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
„На средбата беше потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, континуитетот во реформските процеси, како и носењето на законите што се составен дел од овој процес. Разговорот беше насочен и кон заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната“, соопшти МНР за средбата.
Еврокомесарката Кос ја изразила поддршката за европскиот пат на Република Северна Македонија и го поздравила континуитетот во реформите и фокусот на Владата по локалните избори.

