Македонија
„Боранка станува Боренка“: иницијатива за пошумување опожарени подрачја
Во просториите на Младинскиот центар – матично, в четврток, 20 април, со почеток од 11 часот, се одржа прес -конференција на тема: „Боранка станува Боренка“.
„Боренка“ е приказна чиј носител е Сојузот на извидниците на Македонија. Идејата за неа е реплицирана од успешната Боранка, имплементирана од Сојузот на извидниците на Хрватска уште од 2018. „Боренка“ почнува како пилот-проект поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Активностите во следните 18 месеци ќе се спроведуваат благодарение на поддршката од Министерството за надворешни работи на Република Хрватска.
„Боренка“ е иницијатива за пошумување опожарени подрачја и се спроведува во партнерство со ЈП Национални шуми. Институционалната поддршка од Национални шуми е проектирана преку обезбедување подготовка на теренот, стручна помош, експертиза и надзор во дејствијата за садење. Според господин Валентин Груевски, Директор на ЈП Национални шуми, партнерството со СИМ е од огромна важност за промовирање на култура на повисока еколошка свест кај младите како таргет група вклучена во програмите на извидниците. Тој исто така испрати и апел до граѓанскиот сектор, училиштата, компаниите: да се вклучат во оваа иницијатива и да помогнат за се направи нешто коешто со гордост ќе го оставиме на нашите деца.
Хрватските извидници потенцираа дека при активностите најголема улога имаат волонтерите, кои според господин Еди Периќ, Претседател на Сплитскиот извиднички Сојуз, се сѐ повеќе мотивирани да се вклучат во вакви акции. Приказната се доближува до јавноста и најмладите преку симболиката и карактеристичниот визуелен идентитет креиран од агенцијата Имаго.
Господинот Анте Тараш, претставник на Хрватски Шуми го истакна фактот дека институцијата ги препознала извидниците како одговорен и доверлив парнер во акции од ваков карактер. Оваа иницијатива е одличен пример за соработка меѓу институциите и граѓанскиот сектор, искористувајќи ги најсилните страни на секој од партнерите. Токму тоа е најголемиот резултат и успех на кој господин Дан Шпицер, главен координатор на Боранка, е најмногу горд.
Заменик Директорот на ЈП Национални Шуми, госпоѓата Маре Басова и Владимир Костовски, Генерален Секретар на Сојуз на извидници на Македонија се вратија на почетоците на оваа приказна. Истата започнува од млади ентузијасти, извидници кои бараат поддршка за нивната идеја. Според г-ѓа Басова, СИМ излегол со конретна идеја и план, кои иако се чинеле недостижни, се покажале како одличен модел за соработка. Владимир потенцираше дека специфичноста на извидничките активности е методот на кои истите се имплементираат, правејќи ги реални, достижни, ефективни и со огромно влијание врз младите кои се вклучуваат.
Според организаторите, Боренка е повеќе од само акција за пошумување. Боренка е доказ за волјата на младите, силата на институциите, меѓусекторската соработка, важноста на едукацијата на најмладите и моќта на волонтерите.
Боренка – интерактивна акција која има за цел да ја подигне свеста на граѓаните, особено на децата и младите, за важноста на шумите, заштитата на природата, последиците од глобалното затоплување и превенција и заштита од пожари.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци
Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и само личен интерес, реагира СДСМ по обвинувањата кои ги упати Максим Димитриевски од ЗНАМ, дека дозволиле отварање на бугарски клубови во Македонија и нивната ароганција е ненадминлива.
„За тоа кој ги отвораше клубовите со имиња како Ванчо Михајлов адресата е Белиот дворец на ДПМНЕ. Многу позната адреса каде ЗНАМ ги договара идните чекори за соработка заедно со поддршката на Гордана Силјановска Давкова.
Освен сликите на Ванчо Михајлов по штабовите на ДПМНЕ доволно говорат сликите на Мицкоски со основачите на тие клубови по манастирите низ државава за кои не слушнавме ниту збор од ЗНАМ.
Дали е тоа поради враќање на стари долгови за локалните избори 2021 година во Куманово или нови долгови јавноста ќе види многу скоро“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Македонија
Утревечер и во петок нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Времето утре ќе биде променливо облачно.
Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно. Од пладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени, јавува УХМР.
Во наредните денови, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени..
Македонија
Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме
Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој, како што рече е победнички. Притоа нагласи дека се исполнети трите столба од неговата предизборна програма од 2019 година.
„Клучните столбови на мојата програма во 2019 година беа влез во НАТО, отворање на преговори со ЕУ и стабилни меѓуетнички односи – триаголникот на успехот и стабилноста, просперитетот на државата, тоа сум тврдел и ќе тврдам. Ако ова не е остварено кажете ми – членка на НАТО, почнати преговори и меѓуетнички односи кои не се идеални, меѓутоа се далеку од она што беше во времето на режимот“, рече Пендаровски.
И програмата за работа во вториот мандат, продолжи Пендаровски е заснована на реални основи, а не на фикции.
„Јас не тврдам дека оние кои го потпишале Преспанскиот договор треба да завршат во затвор и дека треба да бидат кривично одговорни. Јас тврдам дека тоа е добар договор кој ги штити македонските национални интереси. Госпоѓата тврди спротивно. Таа денес вели добро е што влеговме во НАТО, имаме гарантор на безбедноста, ама пред три-четири години во интервјуа вели треба кривично да бидат гонети тие луѓе. Јас не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама имаме проблем со другите аспекти. Европската преговарачка рамка е договорена од Европа, од 27 држави и ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме“, додаде Пендаровски.
На прашањето зошто граѓаните да го дадат својот глас за него, Пендаровски упати јавен повик до сите граѓани кои ги поддржуваа кандидатите кои испаднаа во првиот круг и до оние кои воопшто не учествуваа во првиот круг, да гласаат за неговиот концепт доколку се препознаат во него.
Во однос на партиската и граѓанската поддршка, тој посочи дека во трката за нов претседател на државата, обајцата велат дека ќе бидат независни од кои било центри на политичка и економска моќ и притоа собирале граѓански потписи за да покажат дека имаат сила, граѓанска компонента за претседателската кандидатура.
„Госпоѓата Силјановска ги отфрли тие 20 и нешто илјади потписи колку и да беа и отиде само со потписи на пратениците. Сосема е логично партискиот лидер кој ја предложи за кандидатурата, да договара поддршка со другите партиски лидери за неа во вториот круг. Бидејќи не е граѓански поддржана, туку од партиите, логично е дека партискиот лидер ги прави тие меѓупартиски, меѓулидерски договарања“, истакна Пендаровски.