Македонија
Борис Кондарко повторно избран за претседател на ДИК
На денешната седница Собранието донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија (ДИК) по смената на власта во земјата.
Борис Кондарко, кој беше досегашен член на ДИК и поранешен претседател на ова тело, е избран за претседател на Комисијата на предлог на СДСМ, а потпретседател ќе биде Абдуш Демири од Беса.
Меѓу членовите на ДИК остануваат досегашниот претседател Александар Даштевски (ВМРО-ДПМНЕ), потпретседателката Дитмире Шеху (ДУИ) и Оливер Ристевски.
Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на двајца нови членови на ДИК.
Кондарко веќе беше на чело на Државната изборна комисија во 2011 година. На 18 октомври 2013 година поднесе оставка од лични причини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најголемиот пријател на Мицкоски, Орбан го поддржуваше Мадуро, велат од СДСМ
САД спроведоа конкретни дејствија поврзани со криминални активности во Венецуела, при што цел беше Николас Мадуро. Христијан Мицкоски, од една страна тврди дека ги поддржува САД дека Владата ја поддржува акцијата во Венецуела, а од друга страна изјавува дека била спротивна на меѓународното право, велат од СДСМ.
„Значи Мицкоски ја поддржува, ама и не ја поддржува акцијата на САД.
Пред оваа интервенција на САД, кои беа единствените европски политичари и држави што отворено го поддржуваа и градеа соработка со Мадуро?
Тоа беа најблиските сојузници и пријатели на Мицкоски: Виктор Орбан во Унгарија и Александар Вучиќ во Србија и сестринската партија на ВМРО-СНС.
Вучиќ само пред неколку месеци најавуваше продлабочување на соработката со Мадуро, додека Виктор Орбан со години беше еден од неговите најгласни поддржувачи во Европа.
Граѓаните одамна ја знаат поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со неговата сестринска партија СНС на Вучиќ. Освен идентичните политики, „copy-paste“ сценаријата, СДСМ откри и конкретни бизнис-релации, преку скандалот со Алта банка“.
Во своето последно интервју, додаваат од опозициската партија, Мицкоски отворено зборува и за својот „близок пријател“ Виктор Орбан – политичар кого Европската унија го обвинува за корупција, особено по скандалите со имотот што се води на име на неговиот татко.
Прашуваат што е заедничко за сите овие десничарски политичари?
„Заедничко е тоа што околу сите нив се отвораат тешки и сериозни теми за криминал, корупција и подривање на демократските институции.
Во САД беше усвоен и Законот за Западен Балкан, потпишан од Доналд Трамп, со јасен и недвосмислен фокус на борбата против криминалот и корупцијата во регионот.
По сите овие факти и по судбината на неговите најблиски политички пријатели, логично се наметнува едно прашање: дали Христијан Мицкоски спие мирно“.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на страната на Мадуро, тие и по 48 часа се без став за апсењето на венецуелскиот диктатор
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека опозициската СДСМ и по 48 часа нема изнесено став за апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, оценувајќи дека со тоа застанала на страната на, како што наведуваат, „соборениот венецуелски диктатор“.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека молкот на СДСМ ја вбројува партијата меѓу ретките политички субјекти кои, според нив, поддржуваат режим, диктатура и трговија со дрога. Во соопштението се наведува дека досега не бил чуен став ниту од лидерот на СДСМ Венко Филипче, за кого тврдат дека во моментот престојува во зимскиот туристички центар Гармиш-Партенкирхен.
„СДС веројатно под влијание на своите ментори и ПР стратези од северот се стави во групата партии поддржувачи на Мадуро. Сето ова има два вида на објаснување. Или СДС скршна од курсот за стратешко пријателство со САД или причината е многу поедноставна – Зоки Заев и Венко се зафатени со зимски лудории во Гармиш-Партенкирхен каде се на зимски распуст“, се додава во партиското соопштение.
Македонија
ССНМ: Дигиталниот напад врз „Слободен печат“ е напад врз слободата на медиумите
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници бара брза, итна и енергична акција на Основното јавно обвинителство и на Министерството за внатрешни работи при координираната и злонамерна активност насочена кон профилите на „Слободен печат“ на социјалната мрежа Инстаграм.
„Оваа очигледно организирана и нарачана активност, предизвикана од масовни пријавувања на содржините е со јасна цел, нарушување на работата на редакцијата и форма на притисок врз медиумот кој со ништо не ги нарушил правилата на платформата.
ССНМ смета дека овој вид на напади, а во случајот на Слободен печат, циклично и констатно се повторуваат, е директно загрозување на слободата на изразување, правото на информирање и безбедност на онлајн просторот, и бара итна институционална акција на надлежните органи, во прв ред на Основното јавно обвинителство и МВР. Тие мора да преземат се што е во нивна надлежност и на медиумите кои се глас на јавноста и совест на општеството да им овозможат непречена работа.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници се надева дека Слободен печат како еден од водечките медиуми во земјава нема да запре со одговорното и транспарентно работење и ќе продолжи со професионалното новинарство иако предизвиците се огромни, но подлегнување на обидите за замолчување преку новите начини на дигитален притисок ќе бидат исполнување на целта на лицата или интересните групи“, велат од ССНМ.
Фото: pexels

