Македонија
Борис Кондарко поднесе оставка во ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, поднесе оставка од функцијата.
„Ве известувам дека денеска, до Собранието на Република Македонија поднесов оставка на функцијата претседател на Државната изборна комисија и согласно одредбите од Изборниот законик побарав на првата наредна седница да биде констатиран престанок на функцијата пред истекот на мандатот. Сметам дека дадов свој придонес во работата на Државната изборна комисија, а оставката ја поднесувам заради лични причини“, вели Кондарко во соопштението до медиуми.
Ваков епилог се очекуваше, по најавата од пред неколку дена на лидерот на партијата СДСМ, Зоран Заев, на гостување во една телевизија, дека Кондарко, како претседател на ДИК не може многу да влијае на прочистување на Избирачкиот список, затоа што во Комисијата има мнозинство власта.
„Најверојатно и ќе си поднесе оставка. Ние веќе разговараме за оваа работа, бидејќи ова веќе не е издржливо. Не може да носите вина. Министерството за внатрешни работи го комплетира избирачкиот список“, вели Заев.
Тој смета дека Кондарко нема можност да делува на вистинско прочистување на Избирачкиот список бидејќи во ДИК нема мнозинство.
„Зоран Заев преку медиумите соопшти дека му кажал на Кондарко да си поднесе оставка, бидејќи не биле нешто задоволни. За какви неполитички тела зборуваат, кога јавно кажуваат дека на претседателот на ДИК, тело кое во основа би требало да работи како незвисно, ќе му дадат задача кога да си поднесе оставка, а кога не. Како што на времето, на поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски, Бранко Црвенковски му даде налог да си поднесе оставка“, коментираше премиерот Никола Груевски на трибин одржана,во четврток во Прилеп.
Повлекувањето на Кондарко од ДИК ќе значи уште еден начин на СДСМ да го пролонгира одржувањето на евентуалните превремени избори за кои Заев јавно призна дека СДСМ не сака да се одржат. Слична беше ситуацијата и во 2011 кога тогашниот прв човек на ДИК, Александар Новаковски си поднесе оставка./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.