Македонија
Бочварски се сретна со бродарите во Охрид: Ќе разговараме со општината да го вратиме пристаништето под ингеренции на државата
Министерството за транспорт и врски и Капетанијата на пристаништа ќе направат законски измени и ќе излезат во пресрет на барањата на бродарите во Охрид за да се овозможи полагање за професионалниот сертификат за пловење да се врши во земјава според нашите законски прописи. Доколку постојат законски можности, преку разговори со локалната самоуправа, пристаништето ќе се врати под управување на централната власт за да може полесно да се вршат инвестициски зафати и да се овозможи безбеден сообраќај на бродовите.
Ова беше договорено на денешната средба, која во Охрид се одржа меѓу министерот Бочварски и Здружението на бродари од Охрид. На средбата се разговарше и за продлабочување на пристаништата во Охрид и Свети Наум за што веќе од буџетот на Министерството за транспорт и врски се обезбедени средства.
Во рамки на посетета во Охрид, министерот Бочварски оствари средба и со претставници од Хрватскиот регистар на бродови, тело во рамки на Министерството за поморски сообраќај и инфраструктура на Хрватска, на која се разговараше за идна соработка со Капетанијата на пристаништа.
„Со бродарите имавме веќе една средба со Скопје, сега ова е втора средба во Охрид. Ги отворивме прашањата околу полагањата за професионален сертификат за пловење и сметам дека ќе одговориме позитивно на ова барање и полагањата да се вратат во Охрид. Го отворивме прашањето и за управување на пристаништето и негови зафати. Во идниот период ќе разговараме со локалната самоуправа околу ингеренцијата и управување со пристаништето заради негово одржување и чистење. Веќе во буџетот обезбедивме средства за чистење на пристаништето во Свети Наум. Се сретнав и со претставници од Хрватскиот регистар на бродови, надзорно тело што е сертифицирано за техничка контрола на бродовите. Во следниот период акцентот ќе го ставиме на безбедноста и контролата на пловните објекти”, истакна министерот Бочварски.
Денешната посета во Охрид министерот Бочварски ја искористи да изврши увид во реконструкција на улицата Македонски просветители. Инвестицијата е вредна 38 милиони денари, средства обезбедени преку буџетот на Министерството за транспорт и врски, преку Проектот за изградба и санација на локалани улици и патишта во општините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

