Македонија
Бојмацалиев: Инвестиравме над 90 милиони денари во подобри услови на осум објекти на подрачјето на СВР Штип
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, остварија работни средби со раководствата на СВР Штип и ОВР Свети Николе, во рамки на серијата посети на секторите за внатрешни работи низ државата, со цел увид во сработеното во првото тримесечје на 2024 година. Притоа, Бојмацалиев ги посети управните служби, а беше презентирана и опремата во делот на безбедноста во сообраќајот.
„Бев брифиран на средбите дека безбедносната состојба на ова подрачје е стабилна и поволна. Од вкупниот број на кривични дела, од познат и непознат сторител постигната е ефикасност во расветлувањето од 40%, додека процентот на расчистени кривични дела изнесува 71% . Во делот на општиот криминал бележи намалување од 11% . Кај кривичните дела од познат и непознат сторител бележиме намалување за 21%, со постигната ефикасност во расветлувањето од 37 %, додека расчистени се 64% од вкупно пријавените кривични дела. Кај кривични дела од областа на економски криминал бележиме зголемување од 67% , за кои се поднесени 20 кривични пријави против 43 сторители. Во делот на недозволена трговија во текот на првото тримесечје 2024 евидентирани се 33 кривични дела, за кои се поднесени 29 кривични пријави против 30 сторители. Од преземените мерки од областа на недозволена трговија со дрога од страна на СВР Штип во првото тримесечје 2024 година во рамки на ОА„Хидра“ поднесени се 12 кривични пријави за сторени 14 кривични дела , против 13 лица, лишени се од слобода 23 лица, извршен е претрес на 24 локации, при што на пет локации е пронајдена дрога”, информираше Бојмацалиев.
Притоа, тој потенцираше дека се подобрени работните услови на полициските објекти на подрачјето на СВР Штип.
„Во делот на реконструирани објекти на територијата на СВР Штип изминативе шест години беа реконструирани осум објекти меѓу кои и објектот каде што бевме денеска во посета ОВР Свети Николе, ОВР Пробиштип, ПС за БПС Штип, ПК Македонска Каменица, ОВР Кочани, ОВР Виница, ОВР Берово и ОВР Делчево за што од буџетот на МВР беа издвоени над 90 милиони денари, а при изведбата беа имплементирани мерки за поголема енергетска ефикасност на сите објекти, а со тоа обезбедена поголема заштеда на енергија и заштита на животната средина”, рече Бојмацалиев, со уверување дека колегите од СВР Штип ќе продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

