Македонија
Бојмацалиев: САЕ Тигар е столб на безбедноста, униформата е нешто најсвето
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, беа во работна посета на Специјалната антитерористичка единица „Тигар” во касарната Илинден, каде што остварија средба со раководството на Одделот за специјални полициски операции и раководството на оваа елитна специјална единица -САЕ Тигар при Бирото за јавна безбедност во рамки на МВР.
На средбата стана збор за писмената реакција упатена од страна на припадниците на оваа организациона единица до министерот и дополнителниот заменик министер, а во врска со ,,непримерната“ снимка објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи при реализација на вежба од страна на Единицата за интервентна полиција (ЕИП), каде се прикажува апсење на лице кое носи маица со амблем на САЕ ,,Тигар“ од страна на припадник на Единицата за интервентна полиција.
„Целиот свој живот сум го поминал покрај униформа. И денеска, од оваа позиција кога работам со вас, униформата за мене е нешто најсвето”, истакна Бојмацалиев на средбата со раководството на САЕ „Тигар”.
Бојмацалиев истакна дека не смее да постои ривалство и понижување помеѓу Единиците во МВР , бидејќи истото имплицира загрозување на безбедноста на граѓаните.
„Ние сме тука да го одбраниме угледот и честа на сите, бидејќи вие сте гордоста на нашата држава”, дециден беше Бојмацалиев.
Притоа, упати порака дека тој и директорот Тасевски секогаш се достапни за комуникација со секој еден припадник на Единицата и дека очекуваат максимална професионалност и посветеност како и досега кога станува збор за безбедноста и заштитата на интересите на граѓаните и на државата.
Меѓу другото, Бојмацалиев и Тасевски беа информирани за тековните активности на Единицата, а стана збор и за организацијата на Денот на САЕ Тигар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

