Контакт

Македонија

Бремените жени треба да бидат целосно вакцинирани, порача Институтот за јавно здравје

Објавено пред

Вакцинацијата против Ковид-19 се препорачува за трудници. Сите кои имаат 18 години и се постари од 18, вклучително и оние кои се бремени, кои дојат,се обидуваат да забременат сега или планираат во иднина, треба да бидат целосно вакцинирани, порачаа од Институтот за јавно здравје.

dobivaj vesti na viber

Велат дека вакцината може да заштити од сериозни компликации при Ковид-19, а здравата мајка е важна за здраво бебе.

„Ако жената забремени откако ја добила првата вакцина против Ковид-19, а се потребни две дози (т.е. Фајзер/Бионтек вакцина за Ковид-19 или Модерна), треба да ја прими втората вакцина за да добие што е можно поголема заштита“, порачаа од Институтот.

Пред вакцинација во бременоста се препорачува задолжителна консултација со матичниот гинеколог во врска со процената на возраст на пациентката, потоа гестациската старост на плодот и секако претходни индивидуални здравствени состојби, ризици и заболувања.

Потребно е да се знае следново: Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат со Ковид-19 (со последици) во споредба со останатите жени кои не се бремени; Вакцинацијата може да заштити од тешки заболувања кои може да ги предизвика Ковид-19; Вакцинацијата против Ковид -19 се препорачува на жени кои планираат да забременат во иднина, се бремени или пак се доилки; Бремените жени можат да примат бустер доза; Доказите за безбедност и ефективност на вакцината против Ковид-19 за време на бременоста растат; Овие податоци уверуваат дека придобивките од примањето на вакцина против Ковид-19 ги надминуваат сите познати или потенцијални ризици од вакцинацијата за време на бременоста; Во моментов нема докази дека било која вакцина, вклучувајќи ја и вакцината против Ковид-19, предизвикуваат проблеми со плодноста кај жените или мажите. Безбедност и ефикасност на вакцинацијата против Ковид-19 за време на бременоста.

Вакцините против Ковид-19 не предизвикуваат зараза кај луѓето, вклучувајќи ги бремените жени и нивните бебиња. Ниту една од вакцините за Ковид –19 не содржи жив вирус и неможе никој да се разболи со Ковид-19, вклучително и бремените жени и нивните бебиња. Раните податоци за безбедноста на примањето на вакцина против mRNA (Moderna или Pfizer-BioNTech) за време на бременоста се смирувачки.

Податоците од системите за следење на безбедност не откриваат никакви грижи и сомнежи за жени кои примиле вакцина против mRNA Ковид-19 доцна во бременоста или за нивните бебиња.

Научниците не откриле зголемен ризик за спонтан абортус кај жените кои примиле вакцина против mRNA Ковид-19 непоосредно пред и за време на раната бременост (пред 20 -та недела од бременоста).

Центарот за контрола на болести (CDC) постојано ги следи и ќе продолжи да ги следи жените вакцинирани во текот на сите триместри од бременоста за подобро да се разберат ефектите врз бременоста и бебињата.

Вакцинацијата за време на бременоста создава антитела кои би можеле да го штитат бебето. Кога бремените жени примаат вакцина против Ковид-19, нивното тело создава антитела слично како и кај луѓето кои не се бремени. Антителата создадени откако бремената личност примила вакцина против mRNA Ковид-19 биле пронајдени во крвта од папочната врвца. Ова значи дека вакцинацијата против Ковид-19 за време на бременоста може да помогне во заштита на новороденчињата од Ковид-19. Потребни се повеќе податоци да се утврди како овие антитела, слични на оние произведени и од други вакцини можат да обезбедат заштита на бебето.

Вообичаени ефекти од вакцината

Ретко можат да се појават несакани ефекти по примањето на која било од достапните вакцини за Ковид-19, особено по втората доза на вакцина. Жените кои се бремени не пријавиле различни несакани ефекти од жените кои не се бремени и останатите вакцинирани луѓе по вакцинацијата со mRNA Ковид -19 (Moderna или Pfizer-BioNTech).

Некои луѓе имаат несакани ефекти од вакцината, што се нормални знаци дека нивното тело гради заштита. Овие несакани ефекти можат да влијаат на нивната способност да вршат секојдневни активности, но тие треба да исчезнат за неколку дена. Некои луѓе немаат несакани ефекти, а алергиските реакции се ретки. Несаканите ефакти кои можат да предизвикаат долгорочен здравствен проблем се крајно невообичаени по каква било вакцинација, вклучително и вакцинација против КОВИД-19. Ако се појават негативни ефекти, тие вообичаено се случуваат во рок од 6 недели од примање на доза на вакцина.

Вообичаени ефекти

Болка
Црвенило
Оток
Замор
Главоболка
Мускулна болка
Треска
Гадење

Тешки алергиски реакции по вакцинацијата со Ковид-19 се ретки, скоро и да ги нема. Секој што имал тешка алергиска реакција откако примил вакцина против Ковид-19 не треба да добие друга доза од која било од вакцините mRNA Ковид-19 (Moderna или Pfizer-BioNTech).

„Во врска со штетните ефекти од вакцинацијата сакаме да потенцираме дека досега не се пронајдени податоци за штетни состојки кои би можеле да и наштетат на бремената жена како и на нејзиниот плод, ниту пак можат да предизвикаат Ковид -19 акутни инфекции. Најважно од сė е заштита на своето тело, заштита на новороденчето и општествена одговорност од сите граѓани. Само на овој начин ќе ја добиеме битката со Ковид-19. Заштита на јавното здравје е одговорност на сите нас!“, додаваат од Институтот за јавно здравје.

Скопје

Без струја корисници од село Долно Лисиче

Објавено пред

Без струја од 08:30 до 15 часот ќе бидат корисници од село Долно Лисиче (објекти на патот кон Драчево и ул.„10“), најави Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје.

dobivaj vesti na viber

Прекинот е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Времето променливо облачно со сончеви периоди

Објавено пред

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

dobivaj vesti na viber

Попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски ја напушти Вила Водно, им се заблагодари на граѓаните и соработниците

Објавено пред

Експретседателот на државата, Стево Пендаровски, чијшто мандат заврши денес, преку социјалните мрежи упати благодарност до граѓаните и своите соработници.

dobivaj vesti na viber

„Благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите соработници со кои заеднички работевме во изминатите пет години“, напиша Пендаровски.

Претходно тој во Вила Водно ја пречека новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова, пришто свечено и’ ја предаде функцијата, а и’ ja честита и победата.

Пендаровски беше петтиот претседател од осамостојувањето на државата, а функцијата ја презеде во 2019 година од дотогашниот претседател, Ѓорге Иванов.

По престанокот на функцијата, на секој претседател му следат низа на доживотни бенефиции. Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, претседателот има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.

Пендаровски неодамна изјави дека по завршувањето на мандатот нема да бара претседателска пензија, ниту пак средства за отворање на канцеларија, туку ќе се врати на работното место професор.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар Андреј Белоусов чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет23 минути

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од околу 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет27 минути

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет35 минути

Руско Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...

Свет36 минути

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Литванската Централна изборна комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседа освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54...

Свет39 минути

Најмалку 37 лица загинаа во поплавите Индонезија, 17 се водат како исчезнати

Најмалку 37 лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што минатиот викенд погодија три области...

Македонија12 часа

ДУИ велат дека Силјановска го прекршила Уставот, за „Влен“ тоа што заклетвата е потпишана со уставното име значи дека ја прифатила реалноста

Шефот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми рече дека претседателката, Гордана Силјановска Давкова, го прекршила Уставот при положувањето на...

Македонија16 часа

Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова

Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех...

Македонија17 часа

Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“

Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од...

Топ17 часа

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон. Ова...

Македонија18 часа

(Видео) Заклетвата на Силјановска-Давкова во која не употрeби „Северна“

Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка...

Македонија19 часа

„Имало директива од грчкото МНР“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ за протестот на амбасадорката по заклетвата на Силјановска

Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана...

Македонија20 часа

Силјановска-Давкова пред пратениците: Време е за единство, ќе бидам претседателка и на левите и на десните

Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги...

Забава21 час

(Видео) Koj е Немо – победникот на Евровизија

Благодарение на гласовите од жири комисијата Немо од Шварцарија победи на изборот за песна на Евровизија со песната „Код“. Немо...

Свет21 час

Свиркач од „Боинг“: Беше прашање на време кога ќе се случи нешто лошо, знаеа за дефектите, но чуваа во тајност

Сантијаго Паредес, свиркач од авиокомпанијата „Боинг“ каде што работеше како менаџер за квалитет, рече дека „прашање на време било кога...

Свет24 часа

Шолц го предупреди Израел да не дејствува во Рафа

Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата воена операција во Појасот Газа со офанзива против...

Забава1 ден

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ освои 591 поен, најмногу поради гласовите на жирито. На второто место е Хрватска...

Македонија1 ден

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Во Кабинетот на претседателот денес ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени...

Македонија1 ден

Сончево време, попладне со зголемена облачност и температура до 26 степени

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови...

Забава1 ден

(Видео) Грузија со песна на Дарко Димитров настапи во финалето на Евровизија

Македонскиот композитор Дарко Димитров е автор на песната Firefighter, со којашто Грузија вечерва настапи во евровизиското финале. Земјата успеа да...