Македонија
Бугарскиот парламент го одобри францускиот предлог, дополнет со четири услови
Народното собрание гласаше за нацрт-резолуција за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.
За предлогот на Демократска Бугарија, одобрен од Комисијата за надворешни работи, гласаа: 170 – за, 37 – против, 21 – воздржан.
Предлог-одлуката, поднесена од Христо Иванов и Демократска Бугарија, е заснована на предлогот на француското претседателство и се надоврзува на тоа да бидат максимално заштитени бугарските интереси.
Овој документ е многу близок до другата предлог-одлука предложена од ГЕРБ и поддржана од партијата на Бојко Борисов.
Условите под кои Софија може да го поддржи процесот на европска интеграција на Северна Македонија се:
– пречистување на текстот на нацрт-заклучоците на Советот за да се обезбеди вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија во одредбите во кои се споменуваат другите народи и на еднаква основа со овие народи;
– подобрување на предложената нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучоците на Советот, со цел појасно да се одрази фактот дека ништо во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ не може да се толкува како признавање на Република Бугарија за постоењето на македонскиот јазик;
– гарантира дека добрососедството останува хоризонтален критериум во текот на процесот на пристапувањето на PCM во ЕУ за чие спроведување ЕК треба да го информира Советот пред секоја меѓувладина конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

