Македонија
Бугарските обвинители се соменваат дека човечка грешка ја предизвикала автобуската несреќа

Главниот сомнеж на бугарските обвинители е дека човечка грешка е причината за автобуската несреќа на автопатот „Струма“, при што загинаа 45 македонски државјани. До овој момент, иако во јавност говорат десетици сведоци, во Обвинителството не се јавил никој од нив да даде изјава, ниту бил затекнат. Се прават и распити на патниците што се лекуваат во бугарската болница.
„До овој момент нема ниту еден очевидец, а во медиумите ги има по 15-20 лица. Затоа сакаме објективно и коректно да ве информираме за истрагата до овој момент. Направен е распит на двајца патници, кои се во болницата, кои дадоа релевантни информации и биле будни во моментот на несреќата. Сега се прави распит уште на двајца патници. Аутопсијата е завршена и покажа дека сите загинале од задушување од пожарот во автобусот. Во моментот на пожарот тие биле будни. Работиме со најдобрите можни автотехничарски експерти. До сега и од нив добивме стручни мислења. Се консултиравме со пожаро-техничарски експерти, кои треба да дадат одговор зошто настанал пожарот. Главниот обвинител на Бугарија утре заедно со екипа ќе оди во Скопје, каде што ќе побараа меѓународна правна помош. Со ДНК ќе се идентификуваат жртвите за да им се вратат телата на семејствата и да се погребат на достоен начин“, рече бугарскиот обвинител Борислав Сарафов.
Тој отфрли и други верзии за тоа како избувнал пожарот во автобусот.
„Верзијата за пренос на гориво не е точна. Имало три туби со остатоци од нафта. Не биле полни. Пожарот не настанал од тоа. Нема туби со бензин или други материјали што може да се запалат, освен тоа што го има во автобусот. Уште во првите часови од инцидентот, за да нема шпекулации дека станува збор за терористички напад, тоа го демантирав. Зедовме и честички од автобусот, проверивме, по што констатиравме дека тоа не е терористички акт. Денеска продолжуваат распити, се гледаат и анализираат остатоците од автобусот, се проверува дали можеби пожарот извувнал поради дефект. Ќе треба да ја расчистиме таа верзија. Засега се сомневаме во човечка грешка. Во однос на патот, таа делница е страшна. Ако имало човечка грешка, таа била помогната од лоша организација на движењето и сигнализацијата“, додаде заменик-главниот обвинител на Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура.
Македонија
По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, нема пријавени штети, соопшти ЦУК

По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, до овој момент до Центарот за управување со кризи не се пријавени материјални штети или повредени лица, информираат од таму.
„Директорот на ЦУК, Мухамед Али, заедно со вработените од Оперативниот сектор и Дежурната служба, внимателно ја следи состојбата на терен.
Центарот за управување со кризи останува во постојана готовност и продолжува со координирани активности за обезбедување брза и ефективна институционална реакција при евентуални потреби“.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила надвор од градските средини

Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.
Според информацијата, во целост е отворен за сообраќај државниот пат А1 Градско – Прилеп од раскрницата кај бензинската станица Лукоил до клучката кај бензиската станица Салида.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.