Македонија
Бујар Османи денеска во работна посета на Атина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Хеленската Република.
Централна средба на посетата ќе биде со министерот за надворешни работи на Никос Дендијас, при што во фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и соработката меѓу двете земји, европското досие на Северна Македонија, сојузништвото во НАТО и геополитичките предизвици во регионот, како и приоритетите на претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
По средбата, министрите Османи и Дендијас се очекува да имаат и изјави за медиумите.
Во рамките на посетата на Грција, Османи ќе оствари одвоена средба и со министерот за енергетика и животна средина, Костас Скрекас, на која ќе се разменат информации за соработката меѓу двете земји во областа на енергетиката, а во контекст на актуелните предизвици поврзани со диверзификацијата на изворите за енергетско снабдување, информираат од МНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бојан Јовановски: Повикан сум на информативен разговор во полиција, ова е директен притисок и обид за цензура
Бојан Јовановски – Боки 13 соопшти дека денеска во 10 часот е повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода (Пролече) во врска со пријава за загрозување на безбедност согласно член 144 од КЗ.
„Ова го чувствувам за директен притисок и обид за цензура од страна на засегнатите лица во врска со мојот настап кај „Лазаров“!“, објави Бојан Јовановски.
Јовановски претходно вчера објави дека веќе неколку дена е цел на закани и притисоци со цел да го откаже второ гостување на поткастот.
Македонија
Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.
Во Скопје времето ќе биде стабилно и релативно топло. Од среда во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Скопје
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради денот на полицијата
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека поради одржување на настан за одбележување „7 Мај – Ден на полиција“, во периодот од 08.00 до 18.00 часот за сообраќај ќе биде затворен бул.„АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул.„Србија“ до крстосница со бул.„Февруарски поход“. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.