Македонија
Бујар Османи најави продолжување на изборните реформи

Заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања Бујар Османи имаше средба со амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, на која наглсил дека изборната реформа останува меѓу клучните приоритети на владата, вклучувајќи ги и препораките наведени во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР.
Оценувајќи дека долгата политичката криза беше резултат на статус кво состојбата предизвикана од застојот во евроатлантските интеграции на земјата. новата влада , според него, ќе има можност да го искористи позитивниот момент на новиот евроинтегративен импулс и повторно ќе го активира процесот на реформи во согласност со стандардите на ЕУ, кои се и во согласност со принципите и заложбите на ОБСЕ.
Османи исто така нагласи дека владата ќе се фокусира и на имплементација на Охридскиот рамковен договор и на решавање на отворените билатерални прашања со соседите, како важни елементи за напредок во процесот на евроатлантска интеграција.
Амбасадорката Суомалаинен искажа подготвеност да обезбеди поддршка и помош за реформскиот процес, особено во областите во кои имаат експертиза и веќе работат во земјава, како што се реформите во судството, медиумите, и секако изборите, но и други области кои се од интерес за интеграцијата на Македонија во ЕУ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).