Македонија
Вархељи: Преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија ќе се објават во јуни
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент потврди дека извештаите за реформскиот напредок на земјите од Западен Балкан се одлагаат за септември, но не и преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанијa.
„Работиме деноноќно и со Ковид-19 и со оглед на тоа дека е тешко да се предвиди каква ќе биде економската состојба, исто е тешко да се види како ќе се испорачаат реформите затоа што, се разбира, Ковид-19 ја кочи работата. Сакаме да излеземе со суштински извештај, добар извештај, кој ќе даде процена за напредокот. Мојот фокус сега е повеќе на преговарачките рамки за двете земји, Северна Македонија и Албанија. И тоа што можам да го кажам е дека овие ќе бидат објавени во јуни. И мислам дека ова е клучен дел за да го задржиме моментот што се создаде“, рече Вархељи пред европратениците.
Во однос на преговарачките рамки, тој рече дека тие ќе бидат придружени од процена за реформскиот напредок.
„Ќе излеземе набргу и се надевам до септември, во зависност од агендата, со вообичаениот пакет, пакетот за проширување. И се надевам исто да излеземе со планот за инвестиции и економски развој за Западен Балкан во септември“, додаде еврокомесарот за проширување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

