Македонија
Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчињата од Општина Центар

Клиника Жан Митрев додели 130 ваучери за педијатриски прегледи за новороденчињата од Општина Центар.
Доделувањето ваучери за граѓаните од оваа општина кои неодамна добиле дете, е дел од традиционалната активност со која што Клиника Жан Митрев сака да придонесе во безгрижниот и здрав развој на новороденчињата и да ги советува родителите за понатамошниот правилен развој.
Прегледите за новороденчињата ќе ги спроведува специјалист педијатар д-р Станислава Анѓелеска.
Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето, потребно е само родителите да закажат преглед за своето бебе на телефонскиот број 02 3091 484.
Ваучерите за педијатриски прегледи беа доделени на настан што се одржа во Паркот на франкофонијата а како дел од потпишаниот меморандум за соработка со Општина Центар – Скопје.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден надзор во општина Сарај затече запалена дива депонија

„Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут“, извести Град Скопје.
Локализиран е пожарот по брзата интервенција од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје, а дополнително затечени се палења на стрништа во Крушопек и Лака, а сторителите се санкционирани. Во изминатата недела инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на град Скопје имаат изречено казни на над 100 сторители“, велат од Град Скопје.
Македонија
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро, затекнати три лица кои согорувале отпад

Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје, изврши вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро, каде затече три лица со живеалиште во општина Бутел, како на дива депонија која сами ја направиле согоруваат отпад со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Во изминатата недела инспекторите за животна средина на град Скопје и комуналните инспектори имаат изречено казни на над 100 сторители, извести Град Скопје.
„Нашите инспектори продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина. Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот. Континуирано поднесуваме кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад, меѓу кои и опасен канцероген отпад.
На територијата на Скопје покрај Инспекторатот на Град Скопје, има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните. Досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска“, соопшти Град Скопје.
Македонија
На средба со жителите на Чаир, градоначалникот Висар Ганиу ги претстави проектите што ќе се реализираат оваа година

На средба со жителите на Старо Чаир, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, ги претстави проектите што ќе се реализираат оваа година за подобрување на инфраструктурата и создавање подобри услови за заедницата. Сите проекти се подготвени со техничка документација и имаат обезбедени дозволи за градба, велат од општината.
Главните проекти вклучуваат:
• Реконструкција на улицата „Парашкеви Кирјази“ во должина од 354.26 метри.
• Реконструкција на улицата „Дервиш Хима“ и сите споредни улици во должина од 687.77 метри.
• Реконструкција на улицата „Емин Дураку“ и паркингот во должина од 383.12 метри.
• Реконструкција на улицата „Струмичка“ и двете споредни улици во должина од 523.51 метри.
„Вкупната вредност на овие проекти изнесува 28.6 милиони денари (465,240 евра) и ќе биде финансирана од Владата на Република Северна Македонија во рамките на проектот „250 милиони евра за општините“.
Исто така, во завршна фаза е подготовката на техничката документација за целосна реконструкција на Паркот во Чаир, додека општината од својот буџет ќе реализира реконструкција на пешачките патеки и поставување на детски игралишта.
Реконструкцијата на салата „Партизан“ веќе започна, а дополнително ќе продолжи и проектот за реконструкција на фудбалското игралиште на стадионот во Чаир, со цел да се создадат подобри услови за развој на спортските активности во оваа зона“, соопштуваат од општина Чаир.