Македонија
Вајгл оцени дека е отворен патот за членство во ЕУ и НАТО

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Иво Вајгл поздравувајќи го договорот постигнат меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас истакнува дека се отвара патот за членство на Македонија (Република Северна Македонија) во ЕУ и НАТО.
„Договорот постигнат од страна на двајцата премиери на двете соседни држави Грција и Македонија го отвора патот за подобрени и попродуктивни односи и дава суштински придонес за стабилноста во Југоисточна Европа. Преговарачите на двете страни и медијаторот на ОН, заедно со претставниците на ЕУ заслужуваат признание за постигнување на целта. Со договор за името, вратата е отворена сега за Македонија (Република Северна Македонија) да добие полноправно членство за ЕУ и НАТО. Членките на ЕУ и НАТО треба да го поздрават договорот како шанса за продолжување на процесот на проширување кон сите земји од Југоисточна Европа“, вели Вајгл. Според него, сега е клучно договорот да биде поддржан од широко мнозинство на политичките партии и населението од двете држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Не се изгласа предлогот на Левица за укинување на двојазичните етикети на производите

Покрај предлогот за кривична одговорност за судиите, на вчерашната собраниска седница се најде и уште еден предлог на Левица – за укинување на двојазичните декларации на производите.
И овој предлог-закон помина без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, ЗНАМ, ДУИ, СДСМ, односно, за него гласаа само предлагачите – пратениците од Левица.
Сашко Јанчев од Левица истакна дека двојазичните декларации се спротивни на Уставот, Законот за двојазичност и нелогични:
„И што е проблемот со овие членови од правен аспект? Ќе почнам од Уставот и Амандман 5, кој ја одредува употребата на службените јазици во Македонија. Амандман 5, за разлика од Законот за двојазичност на декларациите, не предвидува обврска за двојазичност за приватните лица или, во овој случај, за трговците. Амандманот 5 предвидува обврска само за државните органи и предвидува „употреба на друг службен јазик“, а не само на албанскиот. Исто така, и Законот за двојазичност, кој противуставно го прави албанскиот втор службен јазик на сметка на останатите службени јазици, не предвидува обврска за употреба на албански јазик за приватни лица, односно за граѓани и трговци“, кажа пратеникот Јанчев при образложување на потребата од носење на измените на Законот за заштита на потрошувачите.
„На терен, на пример во Гевгелија, има производи кои имаат етикети, амбалажи, декларации, налепници, упатства, сертификати итн. на македонски јазик и албански. А, тие производи ги купуваат Македонци, Грци, Срби, Бошњаци, Унгарци, Албанци не, бидејќи Албанци нема. И со која цел на сопствениците на маркети, разни типови на продавници и трговци, им се наметнува обврска да прават декларации и на албански?!“ – истакна тој.
„Двојазичноста на сите овие етикети е спротивно на Уставот, спротивно на Законот за двојазичност, надвор од здрава економска логика. Од оваа обврска нема никаква корист, напротив, има штета – трговците непотребно ги чини и пари и време и ги става во неповолна положба на пазарот.
Оваа обврска за двојазичност е последица на уценетоста на претходната влада, а сегашната власт, пред избори бараше 61 пратеник за да не биде уценувана. Еве, сега, со нивниот коалиционен партнер ЗНАМ, имаат 64 пратеници, па редно е да гласате да се тргне двојазичноста од производите и да ги оправдате оние 500.000 гласа коишто ги добивте за да не бидете уценувани“, заклучи Јанчев од Левица.
Македонија
„Каде завршија 1,2 милиони евра од граѓаните на Чаир“, прашува ДУИ

„Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се знае каде се потрошени, претставува огромен скандал и бара итна и транспарентна истрага“, велат од ДУИ.
„Обвинувањето дека толку голема сума јавни средства нема јасна намена укажува на сериозна злоупотреба на народните пари и скандалозно лошо управување од страна на општинската администрација.
Граѓаните на Чаир заслужуваат јасен одговор: Каде се инвестирани овие пари? Кој ќе сноси одговорност за овој скандал?
ДУИ бара надлежните институции да спроведат детална финансиска контрола за да се разјасни како се управувани овие средства и дали постои злоупотреба. Транспарентноста и одговорноста се обврска кон граѓаните, и никој не смее да се крие зад политички игри кога станува збор за нивните пари“, соопшти ДУИ.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.