Македонија
Ведро и студено време со утрински температури до минус 16

Времето утре ќе биде ведро и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, поизразен по должината на Повардарието.
Утрото ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена, а во североисточните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -3, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени.
Во Скопје претежно облачно и студено со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 2 степена.
Во следните два дена ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на утринските и дневните температури. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен в сабота. В петок кон крајот на денот и во деновите од викендот ќе има повремени слаби локални врнежи од снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез

Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез во и од Република Северна Македонија (за сите видови возила и лица) соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Видео) Спасовски: Власта повторно не покажа ниту одговорност, ниту волја за помош за жртвите во Кочани, не гласаа за амандманот на СДСМ

Владата не само што не покажа слух и не го прифати амандманот на СДСМ, истовремено не понуди ниту образложение зошто нема потреба да се прифаќа амандман за помош на семејствата на настраданите во Кочани, потенцираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција откако на амандманската расправа за ребаланс на Буџетот, пратенците од власта не гласаа за амандманот на СДСМ и коалицијата. Амандамот предвидуваше 934 милиони и 340 илјади денари директна помош на семејствата настраданите и на повредените во Кочани, во најголемата трагедија којашто ја зафати Македонија.
Спасовски посочи дека во Буџетот има пари и дека Владата требаше да покаже добра волја и да го прифати амандманот. Тој дури и понуди како пратеничка група ако се прифати овој амандман, тогаш сите останати амандмани коишто ги предложи СДСМ да ги повлечат и да нема расправа, бидејќи како што кажа, СДСМ смета дека нема поважна тема од оваа во моментот во Македонија.
„Достоинствено до крај разговаравме и ги повикувавме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како мнозинство, заедно со пратениците од ЗНАМ и од ВЛЕН да овозможат и заеднички консензуално да го усвоиме амандманот и да покажеме дека знаеме да го цениме приоритетот на граѓаните, да покажеме единство, да покажеме солидарност, нешто што е потребно овие мигови за државата, но напротив претставникот на владата делеше лекции како парламентот не смеел да разговара или да отвора вакви теми“, рече Спасоски.
За амандманот на СДСМ не гласаа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Навистина не ми е јасно како е можно народните претставници овде како пратеници во законодавниот дом, за работа за којашто се најповикани, а тоа е да покажат дека институциите, секогаш и во најтешките моменти, се тука за било кој граѓанин, а посебно за една ваква трагедија, која што ја зафати државата во претходниот период и од тоа сметам дека мораше сите ние да покажеме малку поголемо чувство на одговорност“, нагласи Спасовски.
При тоа, Спасовски упати апел до Владата и до владеачките партии при креирањето на новиот Буџет за 2026 година, да предвидат финансиски средства коишто би биле доволни за финансиска поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во Кочани.
„Нема поважна тема од оваа во моментот во Македонија, нема поважно нешто од 62 млади изгубени животи и од 250 повредени, нема поважно од иднината на еден град, од иднината на истокот на Македонија и ако сакате и од иднината на Македонија“, порача пратеникот Спасовски.
Македонија
Стојаноска: Да бидеме вистински пријатели на Кочани, Владата има план како да се помогне, да внимаваме да не се политизира трагедијата

Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието повика на воздржаност. Таа нагласи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува координирана акција за помош и има јасен план за долгорочна поддршка на повредените и семејствата на загинатите од трагедијата во Кочани.
,,Денес, а и многу пати наназад после несреќата, премиерот соопшти дека Кочани е приоритет за Владата, дека здравјето на повредените е пред се. Дека психолошката состојба на сите истрауматизирани е под постојана опсервација и контрола. Дека ќе се помогне на секој можен начин дека ќе се изнајдат многу повеќе средства за Кочани“, рече Стојаноска.
Таа повика на воздржаност и да и се дозволи на актуелната власт да ги преземе сите надлежности.
,,Како пратеници треба да внимаваме да не повредиме уште некоја душа, да не споменуваме работи и имиња кои не се за споменување и да оставиме на сегашната актуелна власт да ги преземе сите надлежности и механизми “, кажа Стојаноска и додаде:
,,Времето е премногу скоро после трагедијата за да се расправаме ние тука кој повеќе се грижи за семејствата. Немојте да не ја запазуваме суштината. Голема е пораката и значењето да бидеме вистински пријатели на Кочани и да помогнеме а не да одмогнеме“.
Стојаноска нагласи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде брза и координирана акција по трагедијата, и води грижа за повредените и нивната рехабилитација, и дека семејствата на загинатите и повредените ќе добијат помош.
,,Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во чие време се случи оваа страшна трагедија презеде најкомплексна и координирана акција после пожарот. Веќе немаме повредени чии животи се во опасност. Во тек е рехабилитација на повредените, во тек се сите можни проекции и планови за Кочани и за семејствата на починатите и на повредените. Ќе им се помогне на секој можен начин во текот на целиот нивен живот и не само финансиски“ истакна Стојаноска.
Таа додаде дека Владата има јасен план за поддршка на настраданите и нивните семејства.
,,Нека им е вечна славата никогаш да не ги заборавиме и никогаш повеќе да не дозволиме било што слично на Кочани да ни се случи. Како што се обединивме околу гласањето на Законот за пиротехнички средства чинам, ама за жал откако се случи таа несреќа така и сега порачувам да се обединеме и да не фрламе сол врз свежите рани. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата има план како да се помогне“, вели Стојаноска.