Македонија
Велковски со претставници од Светска Банка: во фокусот повисок животен стандард, унапредување на правата и заштита на сите граѓани
Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски оствари средба со претставници од Светска банка, Сара Кол Блек, виш специјалист за социјална заштита во глобалната практика за социјална заштита и работни места и Бојана Нацева, виш специјалист за обрзование.
За време на средбата се дискутираше за тековните проекти кои се реализираат со поддршка на Светска Банка, како и за идни заеднички проекти.
Велковски истакна дека неговите приоритети како министер ќе бидат унапредување на социјалните услуги, проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги, како и имплементирање на проектот за администрирање на социјалното осигурување.
Соговорниците истакнаа дека меѓусебната соработка и понатаму ќе продолжи, пред се во интерес на повисок животен стандард, унапредување на правата и заштита на сите категории на граѓани во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

