Македонија
Велковски: 81 дете чека за упис во градинка во Неготино поради недостиг на кадар
Поради недостиг на лиценциран кадар во градинките, бројот на деца на листите за чекање се зголемува. Во „Темјанушка“ во општина Неготино 81 дете чекаат на листата за чекање, вели техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, при денешната теренска посета на детската градинка „Фемо Кулаков“ во Неготино.
„Во овој објект, кој е отворен 2021 година, имаме проблем со недостиг на кадар, односно некои од групите не се отворени. Потребен е кадар од 25 лица, кои поради неможноста да полагаат за лиценци бидејќи Министерството за труд и социјална политика во изминатиот период не давало дозвола, за жал, седат празни некои од просториите, кои треба да бидат наменети токму за дечињата што се на листата за чекање во ппштина Неготино. Вкупниот број дечиња што во овој момент чекаат на листите се 81“, истакнува министерот Велковски.
Велковски овој пат од Неготино повторно укажа на сериозноста на проблемот со кој се соочуваат детските градинки не само во оваа општина туку и во целата држава.
„Со давање на ваквите согласности за стручниот кадар, ќе имаме можност токму да се отворат овие преостанати просторни услови и бројот на овие дечиња од листите на чекање буквално да биде на нула“, дополнува тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

