Македонија
(Видео) Ако не нè прифаќаат, зошто ни се такви пријатели, порача Мицкоски по посетата на Ципрас
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на отворањето на изборниот штаб на кандидатката Гордана Сиљановска, ја искоментира посетата со Ципрас и рече дека ако нашите пријатели и соседи не нè прифаќаат такви какви што сме тогаш, такви пријатели не ни се потребни. Според него, нема да има бенефит државата од договорите што ги потпишале Заев и Ципрас, туку само група поединци.
„Велат дека ќе имало бенефити. Граѓаните до сега ништо не почувствуваа од тоа што Заев го нудеше. Уверен сум дека и од овие договори, бенефит ќе имаат само група луѓе блиски до Заев. Ако е бенефит да се срамите да ја построите македонската гарда и да интонирате македонската химна, во која се пее денес над Македонија се раѓа и ако тоа го навредува нашиот гостин, чуму ни е сето ова што ни се случуваше вчера. Ако нашите пријатели не нè прифаќаат такви какви што сме, чуму ни се такви пријатели. Никој повеќе не му верува на Зоран Заев, а тоа ќе се покаже на претседателските избори на кои ќе победи нашиот кандидат. Е, тогаш нема да има повеќе простор за изговори, ќе мора да распише предвремени избори“, порача Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

