Македонија
Заев: УНДП е наш постојан партнер за одржлив развој на државата и остварување на европската интеграција
Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Мирјана Спољариќ-Егер, помошничка на администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и директорка на Регионалното биро за Европа и Заедницата на независни држави, која престојува во дводневна официјална посета на земјата.
На средбата беше изразено заемно задоволство од одличната и плодна соработка што постои меѓу и претставниците на системот на ОН во земјата и беа разменети мислења и за тековните активности од соработката со УНДП кои, како што истакнаа двете страни, се голема поддршка за остварување на приоритетите и исполнување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.
Премиерот Заев информираше за најновите настани во државата, потенцирајќи дека Владата по решавањето на долгогодишниот спор со Грција е посветена на процесот на остварување на стратешките цели на државата, полноправна членка на НАТО и Европската Унија.
„Соработката со УНДП е многу плодна и изразувам задоволство за партнерството што е создадено со Владата на Северна Македонија за проектите што се однесуваат на модернизацијата на образованието, поддршката во проектите за вклучување на младите и нивно полесно вработување, користејќи ги моделите на УНДП за занимања кои ја зголемуваат вработеноста и го помагаат претприемништвото, како и градењето на капацитетите на организациите на граѓанското општество“, истакна премиерот Заев, потенцирајќи дека главната цел е економски развој на земјата, поттикнување на инвестициите и просперитет за нејзините граѓани, но и за земјите од целиот регион.
Премиерот Заев потенцираше дека успешните примери од заедничката соработка и начинот на кој Македонија ги решава развојните прашања може да бидат споделени преку мрежата на УНДП. Исто така беше изразена подготвеност за поттикнување и подобрување на дигиталната соработка во регионот, посочувајќи ја дигиталната трансформација, која е и една од приоритетите на Стратегијата на ЕУ како неопходна за зголемување на квалитетот на животот на сите граѓани.
Соговорниците изразија очекување и уверување за продолжување на успешната соработка во однос на заедничко дефинирање на стратешките приоритети, тековните активности, имплементацијата на постоечките проекти од интерес на државата и граѓаните, кои се значајни и од аспект на приближување на земјата кон стандардите на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората
Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во државата.
Од Државната изборна комисија информираа дека за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни и немоќни лица, а за парламентарните избори бројката е поголема за 102 избирачи или ќе гласаат 11.225 болни и немоќни лица.
Освен изнемоштените и затворениците, денес своето право на глас ќе го остварат и пријавените македонски државјани од дијаспората, но единствено за претседателските избори. Гласање за парламентарните избори во дијаспората нема да се спроведе поради недоволен број пријавени.
На овие парламентарни избори поднесени се 17 кандидатски листи, за парламентарните избори од кои 16 на политички партии и коалиции и една од група избирачи. На изборите учествуваат 61 партија. Од нив, 11 самостојно, а 50 во пет коалиции.
На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство. Во посебните изводи од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии се запишани 2.569 избирачи, а во затворите или во притвор 2.147 избирачи.
Македонија
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите
За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи – 1078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи.
За известување од изборите, акредитирани се 66 странски новинари, меѓу кои и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира и Франс прес.
Најмногу домашни набљудувачи акредитирало Здружението за развој на општествено – социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје – 752, потоа Фондација Ромите за демократија – 151, Цивил – 82, Центарот за безбедносни истражувања – 46, Институтот за меѓународни односи и стратегии Охрид – 20, Националниот ромски центар Куманово – 14, Здружението за промоција и развој инклузива Куманово – 12 и Македонскиот центар за културен развој – еден набљудувач.
Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач, најмногу од странските набљудувачи. Парламентарното собрание на ОБСЕ (OSCE PA) има акредитирано 138 набљудувачи, Амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје – 68 набљудувачи и 33 преведувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа – ад хок комисијата за набљудување на претседателските избори во Република Северна Македонија – 33 набљудувачи и 20 преведувачи, Иницијативата за дијалог и демократија Силба 30, Централната изборна комисија – Република Косово – 13, Европскиот парламент – 12 и други.
Македонија
Бојан Јовановски: Повикан сум на информативен разговор во полиција, ова е директен притисок и обид за цензура
Бојан Јовановски – Боки 13 соопшти дека денеска во 10 часот е повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода (Пролече) во врска со пријава за загрозување на безбедност согласно член 144 од КЗ.
„Ова го чувствувам за директен притисок и обид за цензура од страна на засегнатите лица во врска со мојот настап кај „Лазаров“!“, објави Бојан Јовановски.
Јовановски претходно вчера објави дека веќе неколку дена е цел на закани и притисоци со цел да го откаже второ гостување на поткастот.