Македонија
(Видеодебата) Рудникот Иловица-Штука зло за активистите, злато за инвеститорот
Петмина активисти од Здруженијата на граѓани кои се против отворање на рудникот за злато и бакар во Иловица и Штука добија предупредувања пред тужби од компанијата инвеститор „Еуромакс ресорсис“. Од компанијата сметаат дека тие го нарушуваат нејзиниот имиџ, а извршниот директор Варшан Гокул во изјавата вклучена на дебатата на „Макфакс“ вели дека не станува збор за активизам тука за неаргументирана омраза кон инвеститорот.
Од друга страна, пак, активистите се подготвени да одат и на суд и да ги изнесат нивните аргументи зашто веќе две години континуирано бараат одговори од компанијата и тврдат дека документите за вистината за рудникот се државна тајна.
Во дебатата на „Макфакс“ активистите Горѓи Танушев, Костадин Ристоманов и Митко Ристоманов ги слушнаа видеоизјавите на Гокул и на Патрик Форвард од „Еуромакс ресорсис“ и остро се спротивставија на тврдењата на инвеститорот дека компанијата ќе донесе развој на овој регион, а проектот не е е опасен за животната средина.
Компанијата од 2004 година до денес го подготвува теренот за отворање на рудниците, и за техничките како и за елаборатите за влијанието врз животната средина има инвестирано околу 6 милиони евра.
Во рекламните материјали на компанијата стои дека „Еуромакс ресорсис“ има искуство во рударската индустрија и е во сопственост на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и неколку други истакнати инвеститори и мора да биде насочена кон промовирање и унапредување на животната средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

