Македонија
(Видео)Николоски: Не очекувам нови кадри или идеја од конгресот на СДСМ што ќе ја извади Македонија од тешката криза

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во однос на денешниот конгрес на СДСМ истакна дека конгресот е внатрепартиска работа на СДСМ, но дека не очекува ништо ново, нови кадри или некоја нова идеја што ќе ја извади Македонија од здравствената и економска криза.
Тоа е внатрепартиска работа на СДСМ и јас не очекувам ништо ново, вели Николоски.
„Не очекувам дека ќе има некоја нова идеја која што ќе ја извади Македонија од оваа здравствена и економска криза за жал во која што се наоѓа ниту очекувам дека некои вонредно чесни кадри ќе има како нови решенија во СДСМ напротив очекувам да Зоран Заев се капсулизира односно да си постави свои послушници околу себе, сум кажал и претходно ќе повторам и денес мислам дека не е работа на ВМРО-ДПМНЕ да се занимава со СДСМ ниту е работа на СДСМ да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ како што се обидуваше тоа да го прави во изминатиот временски период видовме дека не успаа и нема да успеваат и понатаму во иднината фигуративно кажано сега мечката игра во нивниот двор имено се говори за независни листи од страна на незадоволни членови од СДСМ како и за формирање на нова политичка партија но тоа е работа на членовите на СДСМ нека си го решаваат тој проблем помеѓу себе“ нагласи Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ и доц. д-р Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

Борче Стаменов и доц. д-р Ирфан Ахмети се добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година, соопшти Министерството за култура и туризам.
Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, во 2025 година да им се додели на: Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и на доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 26.8.2025 година во 11 часот (вторник) во Собранието на Република Северна Македонија.
Македонија
Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18 Август – Денот на Армијата“. На свеченоста беа построени ешалони од сите првопотчинети команди и единици на Генералштабот на Армијата, ешалони составени од новопромовираните офицери и подофицери во Армијата, а беше изложено и вооружување и опрема од Армијата.
На централната свеченост се обратија: претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Претседателката Сиљановска-Давкова во своето обраќање наведе: „Повеќе од три децении Армијата ја пишува својата приказна како востински custos patriae, чувар на татковината.“, притоа истакнувајќи: „Нашата Армија е столб на мирот и стабилноста, од придонесот во мировната мисија УНИФИЛ до ангажманот во мисијата КФОР, каде во ноември 2020 година македонските мировници го достигнаа највисокото ниво на НАТО одговорност. Денес, над 180 армиски припадници под македонското знаме се вклучени во мировни мисии и операции.“
Во ова прилика, претседателката се наврати на предизвиците на денешницата потенцирајќи дека живееме во едни од најнестабилните, најнепредвидливите и најнесигурните времиња, а тоа ја нагласува важноста за самоодржливост, зајакната способност за одвраќање, адаптирање на националните капацитети за кризен менаџмент со оние на НАТО за да бидеме компатибилни со европската безбедност.
Министерот Мисајловски пред присутните им се заблагодари на сите жени и мажи во униформа, сите вработени во одбраната кои имаат свој придонес во развојот на Армијата која е „организирана, високо професионална, исклучително почитувана.“ Тој порача дека столбовите на кои се гради македонската Армија и одбранбените сили стојат цврсто.
„Македонската одбрана инвестира во развојот, се опремува и модернизира, и многу важно – таа се подмладува и пополнува. Тоа е гарант дека нашата сила и способност да бидеме темел на државата денес, ќе биде реалност и во иднина“, заклучи Мисајловски пред државно – воениот врв.
Во своето обраќање началникот на Генералштабот на Армијата наведе: „Армијата, отсекогаш била еден од најважните столбови на државата, таа е симбол на извонредност и професионализам“, притоа ја потенцираше довербата што Армијата континуирано ја ужива кај граѓаните.
Генералот истакна дека во минатиот период Армијата напорно работеше, а со јасното поставување на приоритетите значително ги подобри борбените функции и борбената готовност. За идните чекори на Армијата, генералот нагласи: „Периодот кој следи го посветуваме на постојано зголемување на обученоста, подготвеноста и извежбаноста на сите нивоа на командување и контрола, имплементирајќи ги лекциите од современите војувалишта.“ На крајот на своето обраќање генералот Лафчиски повика заеднички да се продолжи со градење на Армијата како модерна и доверлива сила, сила на мирот, стабилноста и достоинството.
Во рамките на свеченоста, претседателката Сиљановска-Давкова го одликува Центарот за обука на питомци и офицери со „Орден за воени заслуги“. Орденот е доделен за извонредни успеси во исполнувањето во основната мисија – организација, подготовка и реализација на обука со питомците и кандидатите за офицери во Армијата, како и за особениот стратешки и долготраен придонес во изградбата и јакнењето на одбранбената способност на Армијата преку вложување во образованието и едукација на питомци и кандидати за офицери, со што се изградени генерации посветени и професионални воени лидери.
На централната свеченост присуствуваа и претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министри во Владата, пратеници во Собранието, гости од воено-дипломатскиот кор, поранешни министри за одбрана и началници на Генералштабот, генералите во Армијата, претставници од локалната самоуправа, претставници на организации со кои соработува Армијата, пријатели и роднини на новопроизведените потпоручници и други гости.
Македонија
(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење. СДС си ја користеше Еразмус + како своја приватна фондација. Да ја потсетиме јавноста и за скандалот во кој Димова и Заев доделија два проекти на братот на пратеникот Диме Велковски во висина од над 200 илјади евра, обвини Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, СДС и Заев преку Димова и Еразмус + доделиле неверојатни 83 илјади евра за дресура на магариња.
„Нешто невидено и невообичаено, но сепак за СДС и нивното владеење, ништо ново. Проектот беше доделен на брат на пратеникот на СДС, Диме Велковски. СДС тука не запреа, покрај дресурата на магариња, доделија и дополнителни 125 илјади евра од Агенцијата Еразмус +, токму на братот на пратеникот Диме Велковски за проектот „Избери сирење’’. Заев и СДС преку Димова се изживуваа и го цедеа Буџетот на Агенцијата Еразмус +. Проекти се делеа на ним блиски луѓе, на судии, професори, браќа на пратеници. Ниту еден проект не помина незабележителен од страна на Европската заедница и од јавноста. Тоа говори дека СДС, Димова и Заев, не си ја вршеле чесно работата. Затоа е тука и обвинителството кое воедно повторно го повикуваме наместо да ги штити нивните платеници, да ја донесе конечно правдата во државата’, рече Манасиевски.