Македонија
(Видео) Алиу: Клучните зборови на 100-дневниот биланс на МИОА се: дигитализација, реформи во администрацијата и слобода на медиумите
„Во овие 100 дена успеавме да ја презентираме најновата иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација, а тоа е DigitalEra – програма што драстично го промени начинот на кој граѓаните пристапуваат до јавните услуги. Со обезбедување побрзи електронски услуги и зголемување на институционалната транспарентност го намаливме времето потребно за граѓаните да ги добијат основните услуги. Понатаму, ги поставивме приоритетите во однос на потребите на нашите граѓани со попреченост обезбедувајќи подобрен пристап до дигиталната инфраструктура и приоритет во услугите на административните шалтери. Преку оваа иницијатива имаме цел да ја поедноставиме соработката меѓу институциите и граѓаните промовирајќи ги инклузивноста и ефикасноста во работењето“, истакна министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, на денешната прес-конференција, на која го презентира сработеното во изминатите 100 дена.
Посочи дека активно се работи на основањето на дигиталната агенција, која ќе се фокусира на дигитална инклузија, дигитални јавни услуги, со што ќе се подобрат економијата на земјата, транспарентноста и отчетноста на институциите. Активно се развиваат стратешки документи со единствена цел да бидеме во чекор со дигиталната стратегија на ЕУ, „Дигитален компас“.
Процесот на изработка на стратегиите за ИКТ и сајбер-безбедност се одвиваат со забрзана динамика. Во изминатите 100 дена: „сведоци сме на извонредното проширување на дигиталните услуги на националната платформа со ветувањето за дигитализација на повеќе од 150 нови електронски услуги до крајот на годината. Овој напредок осигурува граѓаните да имаат лесен пристап до услугите, без непотребни доцнења или потреба да се движат низ тешките бирократски процеси“, рече министерот додавајќи дека националниот портал сега на граѓаните ќе им нуди електронски услуги и на албански јазик. Друг проект што го посочи е создавањето „Една точка за услуги“ на 333 локации во државата, во соработка со „Пошта на Северна Македонија“. „Една точка за услуги“ веќе почна да го трансформира начинот на кој граѓаните содејствуваат со Владата обезбедувајќи поефикасни и подостапни услуги во пет града – Скопје, Куманово, Битола, Тетово и Охрид.
Во однос на реформите во јавната администрација, истакна дека е финализирана новата стратегија за РЈА (2023-2030); Во согласност со нашиот стратешки приоритет за членство во ЕУ, овој сеопфатен осумгодишен документ е дизајниран да ја води нашата земја кон членство во Европската Унија до 2030 година; потоа финализирани се законот за вработени во јавниот сектор и законот за административни службеници, кои веќе се во владина процедура; исто така активно се работи на процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната администрација, агенциите и инспекциските служби.
Истакнувајќи ја длабоката посветеност за слободни медиуми, кои му служат на највисокиот јавен интерес, министерот истакна дека новиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги веќе е во собраниска процедура и се очекува брзо да се изгласа, набргу ќе се заврши и вториот дел од законот, а набргу работната група ќе почне да работи и на законот за медиуми: „Како резултат на тоа, ќе ја промовираме транспарентноста, ќе ја заштитиме слободата на изразување и ќе го поттикнеме одговорното новинарство за зајакнување на темелите на едно демократско општество“, рече министерот Алиу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отфрлени се тужбите на „Европскиот фронт“ од Уставниот суд, ќе има прегласување
До доцна во ноќта Уставниот суд расправаше по тужбите на одлуките на Државната изборна комисија – ДИК за неколку избирачки места поднесени од коалицијата „Европски фронт“. Од судот соопштија за шест одлуки според кои тужбите се отфрлени како неосновани, а тоа значи, согласно одлуките на ДИК, дека ќе има прегласување на конкретни избирачки места.
„Европскиот фронт“ имаше поднесено седум тужби на одлуките на ДИК, а Управниот суд беше ограничен со роковите за нивно решавање.
Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.
Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.
Македонија
Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје
Град Скопје информира дека правното лице Дизниленд реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски.
„Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак насилно продожува да работи. Ги повикуваме надлежните институции и апелирам да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие“, велат од таму.
Македонија
Вработен во МВР фатен со мито од 12.500 евра
Вработен во Министерството за внатрешни работи е фатен со мито од 12.500 евра, соопшти министерот Панче Тошковски. Како што вели тој, лицето И.М. било вработено како виш аналитичар во СВР Скопје. Осомничениот е лишен од слобода под сомневање за сторени кривични дела измама предвидени по чл. 247 од КЗ.
„Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со Одделот за криминалистичка полиција се постапуваше по пријава од три оштетени лица и на ден 17.05.2024 година наведеното лице е фатено на лице место во моментот на примопредавање на 12.500 евра, претходно криминалистички обработени кои ги прибавила за наводно посредување за добивање на социјални станови од Б категорија. Во врска со кривичното дело извршен е претрес во службените простории кои ги користела пријавената при што е пронајдена пообемна сомнителна документација која е поврзана со кривичното дело во вид на разни документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани, разни договори за позајмици, договори за посредување за доделување на социјални станови, имотни листови, како и тефтер со ракопис во кој е водена евиденција за лица за кои биле вршени определени работи“, соопшти Тошковски.
При извршен претрес во дом и други простории кои ги користи лицето И.М. лоцирани во Општина Сарај, беше пронајдено и огнено оружје со шест парчиња муниција кое оружје и муниција најверојатно ги поседува без дозвола, за што известено е и Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Скопје заради преземање на дополнителни мерки.
Министерот додава дека МВР и понатаму продолжува со преземање на мерки и активности насочени кон испитување на евентуална поврзаност на наведеното лице со други високи полициски службеници.