Македонија
(Видео) Алтернатива влегува во Владата
Алтернатива на Африм Гаши влезе во Владата, соопшти партискиот портпарол. Ова доаѓа по состанок на Централниот совет. Со мнозинство гласови, било одлучено опозициската партија тие да се придружат кон парламентарното мнозинство со четири пратеници. Нема одговор од Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива, кои ресори ќе ги преземат нивните кадри. Договорот меѓу Алтернатива и СДСМ ќе се потпише утре.
„Следуваат внатрепартиски договори, по што ќе се предложат кадровски решенија. Со апсолутно мнозинство донесовме одлука да влеземе во Владата. На денешникот состанок не се зборуваше за кадровски решенија“, кажа портпаролот.
Според Алтернатива, причини за приклучување кон владиното мнозинство се преговорите кои според нив треба да почнат со Европската Унија, но и решавање на спорот со Бугарија. Овие причини, според Централното собрание, се историски и причина за влез во Влада.
„Претстои значително сензитивен период за одблокирање на преговорите со ЕУ. Затоа дадовме шанса на стабилноста“, кажаа од Алтенратива.
Тие посочија дека ќе се бара и меѓународна поддршка за судските случаи како што се „Монструм“, случајот за прегазувањето на Алмир Алиу и други. Воедно, соопштија дека нема раскинување со коалицијата со Алијанса на Албанците на Зијадин Села, која останува во опозиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

