Македонија
(Видео) Андоновски: Скандалозниот избор на конзули го загрозува меѓународниот имиџ на Македонија
Со постапките за избор на македонски амбасадори, Владата на ДУИ и СДСМ го нагризува меѓународниот имиџ на Македонија. Со оваа тајна и штетна игра на Бујар Османи се уништуваат сите меѓународни позиции на државата, изјави Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека од доаѓањето на власт дипломатските претставништва или се оставаат празни со години или на позиции амбасадор или конзул се поставуваат контроверзни лица, лица со проблематично минато, комплетно несоодветни кадри или синови и ќерки на провладини аналитичари.
Иако Законот за надворешните работи во членот 49 бара лицата што се назначени за амбасадори надвор од структурата на МНР да бидат афирмирани личности во областа на надворешната политика и меѓународните односи, сепак постојат најави дека се испраќаат лица со комплетно несоодветни биографии.
ВМРО-ДПМНЕ прашува како е можно и дали е меѓународно афирмирана 28-годишна презентерка на телевизија за да биде македонски конзул во Њујорк, односно во Њу Џерси?
Андоновски истакна дека Македонија веќе 4 години е оставена без највисоки дипломатски претставници во најважните престолнини во светот – членки на Советот на безбедност, соседи од клучно значење, главни европски центри и Вашингтон.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека е загрижува оваа несериозност во назначувањето. Таа ја покажува дрскоста, неразбирањето на состојбите и комплетната негрижа за македонскиот меѓународен имиџ.
Од партијата повикуваат на прекин на сите овие постапки за меѓународно оцрнување на државата. Пендаровски да не се иззема од процедурите кога тие политички не му одговараат.
Постапките мора да се водат принципиелно, а лицата што ќе ја претставуваат Македонија да имаат соодветни биографии, меѓународна афирмација, чест, достоинство и углед, додаде Андоновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

