Македонија
(Видео) Анима Мунди: Инспекторите на Агенцијата за храна ажурни но во прекршување на законот, се иживуваат врз животно
Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ попладнево објави видео на кое е прикажано како неколкумина мажи се изживуваат врз живо јагне. Со врзани нозе јагнето го поставуваат на маса пред, како што нагласуваат од „Анима Мунди“, инспектор за заштита на благосостојбата на животните во подрачната единица Берово на Агенцијата за храна и ветерина.
Мажите играат околу јагнето ставено на маса, а ги забавува жива музика. Го снимаат со мобилните телефони и секогаш кога тоа ќе легне, некој го буцнува да стане иако едвај стои со врзани нозе.
„Видно задоволен го гледа и снима престрашеното животно во очи, сведок и соучесник во ова изживување е оној кој треба да го заштити, но го измачува! Во кое нормално општество вакви ликови се вработуваат во државни институции и ги прекршуваат законите што треба да ги спроведуваат? Во кое нормално општество инспектор за заштита на животните е соучесник во нивно малтретирање, причинување непотребен стрес, страдање? Бараме итно да се покрене дисциплинска постапка од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство против инспекторот од Берово и трајно да се отстрани од вршење службена должност во институцијата. Дополнително бараме Агенцијата да покрене постапка против сите овие лица што се соучесници во овој монструозен чин“, стои во објавата на „Анима Мунди“.
Тие најавуваат дека ќе поднесат пријави до сите надлежни институции против наведениот инспектор оти сметаат дека неспособен, неадекватен и очигледно психички нестабилен за да биде државен службеник, а уште помалку некој што треба да заштити животно во неволја, судејќи по објавеното видеото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

