Македонија
(Видео) Арсовски: Дали Русковска со ослободувањето на Кичеец сака да докаже дека е соучесник во „Рекет“

Зоран Заев и СДСМ ги ослободија сите можни осудени криминалци во Република Македонија. Таков е и случајот со еден од осудените од случајот „Рекет“, Зоран Милески Кичеец.
„Дали Вилма Русковска ослободувајќи го осудениот од случајот ‘Рекет’ и пуштајќи го на слобода уште еднаш сака да докаже дека е соучесник во случајот ‘Рекет’, притоа помагајќи нарачателите и Зоран Заев да ги прикријат трагите?
Вилма Русковска од самиот почеток на случајот истрагата ја водеше непрофесионално и аматерски. Најпрвин, им остави време на инволвираните да прикриваат докази и траги. Потоа доцнеше со истрагата, во среде случајот си отиде на летен одмор со целото обвинителство. Со очајни напори се обиде да го прикрие изнесувањето на доказите за случајот „Рекет“. И со пионот на Зоран Заев, Љубомир Јовевски, се обидоа да ја ограничат истрагата само на тројца несреќни извршители, за веднаш потоа да се утврди дека имало и многу инволвирани, вмешани од врвот на СДСМ.
Ослободувањето на Зоран Милески Кичеец, веќе осуден за случајот „Рекет“, е само показател дека Вилма Русковска работи директно под диктат на Зоран Заев и свесно сака да го прикрие случајот „Рекет“, односно сите докази и трагите со цел Зоран Милески да прекине да ја разоткрива вистината во своите искази и сведочења.
Ако од нешто се плаши Зоран Заев, тоа е од разоткривањето на случајот „Рекет“ бидејќи и самиот директно е вмешан во истиот. Впрочем, според исказот на веќе ослободениот Кичеец, Заев му кажал на Бојан 13 дека се пријавени за случајот „Рекет“ во Влада.
Одговорност за сето ова мора да има. И за инволвираните и за нарачателите, но и за оние коишто помагаат во прикривањето на случајот, како што е Вилма Русковска“, порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.