Македонија
(Видео) Арсовски: Лидија Димова да си даде оставка веднаш – ЈО да го истражи случајот за проневера на пари
Со денешната прес-конференција на Лидија Димова, единствено позбунет од јавноста е самата Лидија Димова. Изгледаше збунето како да крие нешто. Наместо објаснувања и одговори, Лидија Димова ја искористи прес-конференцијата за да напаѓа адвокати, новинари и политички неистомисленици. Нормално, кога не сака вината да ја види во себе и во своето работење, ги напаѓа сите други, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Ја уверувам Лидија Димова дека воопшто не сме разочарани што нема да даде оставка, што е и очекувано за нас како политичка партија, нормално е за толкави огромни сомнежи за проневера на пари да знаел и Заев, кој патем ја штити Лидија Димова и го штити нејзиното директорско место.
Во врска со грантовите на ‘ВЕЗ трејд’, правен субјект што се води како фризерница, Лидија Димова должи објаснување кои биле квалификациите на правниот субјект ‘ВЕЗ трејд’, патем фризерница е правниот субјект во 2018 за таа да добие грант во две комплетно различни области? Преку фризерница да се обучуваат луѓе за медиумска писменост е неверојатно.
Во апликацијата клучно прашање е прашањето за професионална биографија на фирмата за кое нема одговор. Каква врска има фризерница со младинска работа и медиумска писменост?
Во тој случај, ако тоа е можно, фризерница да добие грантови за медиумска писменост, зошто, на пример, постои Националната агенција како институција за да ги доделува грантовите, зошто, на пример, грантовите не ги доделува некој правен субјект, кој не е за таа намена, туку е ресторан?
Дали квалификација за добивање на грантот се можеби кафеанските седенки на Димова со сопственикот на „ВЕЗ трејд“? Димова не одговори ни дали во исто време сопственикот на фризерницата „ВЕЗ трејд“ е и стручен соработник за хонорар и грантист на Националната агенција? На пример, која е дефиницијата за надворешен соработник според Лидија Димова?
Не слушнавме ни одговор за документите и дописите на соработници на проекти дека активностите се сомнителни и има наводи за криминал.
Практично, во самиот момент кога имало такви дописи, кога имало такви наводи, требало веднаш да биде известено ЈО, во спротивно Лидија Димова, доколку не го известила, самата таа е соучесник и прикривале какво било сторено кривично или какво било дело што е противзаконско.
Димова не одговори ни на нашите наводи пред неколку месеци за возилата набавени во износ од 100.000 евра, кои не се употребуваат за потребите на Агенцијата, туку за лични потреби. Вработени во Националната агенција известуваа дека дел од овие возила е сериозно оштетен затоа што се несоодветно користени во ноќните часови.
На денешната прес-конференција немаше ниту одговори за кеш во износ од над 20.000 евра, кои недостигаат во благајната на Националната агенција. Постои изјава дека парите биле користени со знаење на Лидија Димова, а за нивно подигање бил користен нејзиниот факсимил.
Она што застрашува е молкот на државните институции – Министерството за образование и наука, Финансиската полиција, МВР и Обвинителството, кое по обичај спие и не ги истражува сите сомнителни случаи каде што Зоран Заев ги штити инволвираните.
Исто така, на дејствување ги повикуваме Мисијата на ЕУ во Скопје и другите амбасади на европските држави сериозно да се заинтересираат, и се извинувам однапред што ќе го кажам овој жаргонски збор, за магарешкото работење на политичари од страна на СДСМ и власта што трошат европски пари.
А Лидија Димова дали ќе си даде оставка или не тоа не е прашање што треба да биде поставено како дилема, туку треба уште веднаш да си оди и да си даде оставка, не смее ниту една минута повеќе да биде директор на таа позиција и за тоа директно е одговорен и Зоран Заев, кој треба да ја разреши затоа што таа институција не ѝ оставена на Лидија Димова во наследство од мајка ѝ и татко ѝ, туку институција создадена и изградена од парите на граѓаните и даночните обврзници на Република Македонија. Затоа, оставка треба да си даде веднаш, а не да отвора дилеми дали ќе си даде или нема да си даде оставка бидејќи секој ден поминат во таа институција е простор да прикриват документи и да кријат докази што може да бидат неопходни понатаму во каква било постапка што ќе биде отворена“, порача Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши и Бегај од Скопје порачаа: Заеднички кон ЕУ и подлабока регионална соработка
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
Гаши изрази големо задоволство од средбата и истакна дека очекува пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнат и унапредат. На меѓународен план, двете држави имаат исти цели и интереси, а тоа се членството во Европската унија, меѓусебната поддршка како непосредни соседи и сојузници во НАТО и продлабочувањето на регионалната соработка.
Тој изрази очекување и надеж дека двете држави заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција, бидејќи тоа е многу важно не само за Северна Македонија и Албанија, туку и за останатите земји од регионот на Западен Балкан. Во функција на промоција на парламентарната дипломатија и градење на билатералните парламентарни односи, претседателот Гаши истакна дека одржува редовни контакти со колегите од Парламентот на Албанија и дека посетите на највисоко парламентарно ниво се одржуваат речиси секоја година.
Претседателот Бегај истакна дека Република Северна Македонија и Албанија се две пријателски земји кои делат исти вредности, визии и предизвици и претставуваат пример за соработка во регионот. Тој посочи дека е унапредена соработката во многу сфери од заеднички интерес, што е во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните во двете држави. Останува определбата за уште поголема соработка, особено во економската сфера.
Двајцата соговорници ја потенцираа важноста и улогата на Македонците и Албанците кои живеат во двете земји и претставуваат мост за градење стабилни и пријателски односи. Патничкото, енергетското и железничкото поврзување меѓу двете земји во рамките на Коридорот VIII ќе придонесе за уште поголема размена на луѓе, стоки и услуги, за што постои огромен потенцијал.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај се потпиша во Книгата на впечатоци и се обрати пред пратениците во Собранието.
Македонија
Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик
Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство, ја потврди заложбата на Движењето во однос на неопходноста од суштински и системски измени на изборниот модел во Република Македонија.
„Заложбите на Движење ЗНАМ се за воведување на една изборна единица со изборен праг од 2 до 3 проценти, со што ќе се овозможи правична застапеност и на помалите политички субјекти и независните пратенички листи. Што всушност беше и барање во одлуката на Уставниот суд.“ – истакна Бендевска.
Дополнително, таа нагласи дека цврст став на Движењето е намалување на бројот на пратеници во законодавниот дом на 90, бројка што, како што посочи, ќе соодветствува на реалната големина на популацијата во државата.
„Го афирмирам односно реафирмирам ставот на Движење ЗНАМ за намалување на бројот на пратеници на 90 со што ќе се придонесе за рационализација на трошоците, материјални, финансиски и човечки и ќе значи значителна придобивка за Буџетот на државата. Воедно, ќе се добие пофункционално, поефикасно и поконсолидирано законодавно тело, кое ќе биде во служба на побрз, поквалитетен и посериозен законодавен процес.“ – потенцираше потпретседателката.
Во однос на гласањето на дијаспората, таа потсети дека воведувањето на ваквиот модел беше проследено со зголемување на бројот на пратеници на 123, што, како што нагласи, отвори низа прашања за финансиската оправданост и ефикасноста на изборниот процес во странство.
„Сведоци сме колку чини изборната постапка која подразбира испраќање избирачки одбори во дијаспората, при што бројот на гласачи во повеќе случаи не соодветствуваше со првичната намера и очекувањата.“ – изјави Бендевска.
ЗНАМ додава дека ќе продолжи да се залага за изборен модел што гарантира еднаква вредност на секој глас и институции што работат ефикасно, транспарентно и во интерес на граѓаните на Република Македонија.
Македонија
Поради јазични бариери одложено продолжението на конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, кажа Филков
Поради технички причини денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство беше одложена за следната недела. Министерот за правда Игор Филков изјави дека членовите на работната група не се впуштиле во материјална расправа затоа што прво треба да се утврди дневниот ред.
,,Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател, како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени јазични бариери. Од дел од присутните претставници на политичките партии беше побарано материјалите да бидат преведени за полесно да можат да се разберат’’, рече Филков.
Филков се надева дека следната недела членовите ќе се усогласат за термин , ќе се избере претседател на работната група и ќе се отпочне со работа каде што сите ќе имаат можност да ги дадат своите предлози и сугестии за реформите во изборното законодавство.

