Македонија
(Видео) Арсовски: Нов бран непотизам буквално во сите градови
Сè уште не се завршени истрагите за првиот бран непотизам пред една година од страна на антикорупциската комисија, а сега веќе имаме нови бранови непотизам буквално во сите градови во Република Македонија. Нови вработувања, нови прераспределувања и нови унапредувања на блиски роднини и луѓе на функционерите од СДСМ на раководни позиции, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Свесни за падот на владата што ги чека, функционерите на СДСМ побрзаа повторно да си ги згрижат и унапредат своите блиски. Како пример, прв град ќе го земеме Штип. Штип сега станува град за пример на непотизам, каде што за да се вработиш или да добиеш раководна функција, мора да си брат братучед или роднина на некој функционер. Штип стана дувло на непотизам, каде што владеат 5 семејства со целиот град.
Ајде да почнеме со ред. Најпрвин вработени и унапредени се прва братучетка и зетот на Шекеринска, сестра на директорот на затворот во Штип. Именувани на раководни позиции се и ќерките на поранешниот пратеник Рамбабов. Мики Тодоров, поранешен втор човек во СДСМ Штип, инаку секретар на општинската организација, е поставен за директор на затворот во Штип, без соодветно образование и спротивно на законот и без ниту еден ден работно искуство. Не бележи некои успеси во работењето, дури имаше и бунт во затворот од страна на затворениците, но бележи успеси во вработувањето своите роднини. Истиот Мики Тодоров си ја вработил сестра си како библиотекарка во ООУ „Тошо Арсов“.
Втор пример, ќерката на експратеникот од СДСМ, Рамбабов, Емилија Рамбабова, е назначена за нов директор на медицинското училиште во Штип, а сестра ѝ на Емилија, односно втората ќерка на поранешниот пратеник Рамбабов, е назначена за нова директорка на Клиниката за нефрологија во државната болница во Скопје.
Трет пример, нормално покуса не останала ниту Радмила Шекеринска, каде што имаме пример нејзината прва братучетка Дијана Шишкова е именувана за началник на инфективното одделение во Клиничката болница Штип, а нејзиниот сопруг, односно зетот на Шекеринска, е назначен за раководител на одделението за ортопедија.
Ова е само дел од примерите на непотизам, каде што СДСМ јасно покажува со ова дека е уплашен од претстојните избори. Свесни дека ќе паднат од власт, ја окупираат државната и јавната администрација со блиски роднини вршејќи непотизам од највисоки размери. Оваа епидемија на непотизам, која со тек на време, изминатата година прерасна во чума во целата држава и мора да прекине. Се ближи 12 април и веднаш потоа почнува обновата на Македонија. Одговорност за сè мора да има и ќе има“, истакна Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

