Македонија
(Видео) Арсовски: Очекуваме во најбрз можен рок разврска на најголемиот случај на непотизам во историјата
Епидемијата на непотизам во државава се рашири во толкави размери што ги зарази сите функционери и нивните роднини од СДСМ. Упориштата на зараза се државните институции, каде што има огромни плати над просекот на платата во државата, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Вчера ние како ВМРО-ДПМНЕ поднесовме барање за постапување до Државната комисија за спречување корупција и во прилог доставивме список на 182 роднини во блиско крвно сродство, кои се вработени во државната администрација и државните институции. Очекуваме разврска на овој најголем случај на непотизам во историјата на Република Македонија и во најбрз можен рок антикорупционерите да ги санкционираат функционерите на СДСМ“, рече Арсовски.
Тој порача дека дополнително повикуваат уште еднаш СДСМ да си погледне во редовите и уште веднаш да ги повика функционерите да си поднесат оставки бидејќи тоа е чин на морал.
„Не е чин на морал еден член на семејството да си даде отказ на работа, а друг да не. На прсти може да се избројат роднините што си дадоа откази на работа, дали се 4 или 5. Замислете, само 4 или 5 луѓе од список со 182 си дале откази од работа од морални причини и само толку се одѕвале на повикот на Заев да си дадат откази, како што тие викаат, од морални причини“, истакна Арсовски.
Според него, отказите на овие 4-5 луѓе докажуваат дека навистина имало влијание врз вработувањата и со тоа си ја признаа вината.
„Штом има признание на вината за влијание врз вработување на роднините, функционерите на СДСМ треба уште веднаш да си дадат оставки и да сносат одговорност во согласност со законите. Толку од моралот и моралните принципи на СДСМ. Затоа, СДСМ треба и мора да ги изгуби овие избори. Овие избори се шанса за граѓаните да го симнат ова зло од власт и да се спречи епидемијата на непотизам што се шири, за жал, во епски размери“, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со е бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.

