Македонија
(Видео) Арсовски: Странски медиуми објавуваат дека Заев, Пендаровски и Димитров договориле нон-пејпер во Берлин
Зоран Заев, Димитров и Пендаровски молчат веќе цела една недела дали и што договарале во Берлин. Странски медиуми и новинари веќе објавуваат дека Заев, Пендаровски и Димитров договориле нон-пејпер во Берлин, а тука во Република Македонија молчи цела Влада и буквално за ништо не ја информира јавноста, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Се обидуваат повторно на најподмолен начин СДСМ и целата свита околу Заев да ги изиграат граѓаните и да ги доведат пред свршен чин во овие преговори. Што е договорено и што прифатиле и што пишува во тој нон-пејпер што го има Владата? Дали Заев има намера да објави за каков нон-пејпер станува збор и кога ќе им соопшти на граѓаните и медиумите што се содржи во него?“, праша тој.
Според Арсовски, меѓународната политика на Заев и сдругите што ја воделе доживеале тотално фијаско.
„Јасно е дека Заев сè што може, ќе направи да остане што повеќе во фотелјата за да може неговото семејство што повеќе пари да украде од граѓаните и од државата. За жал, додека тие крадат, граѓаните и државата страдаат. Потребно е веднаш да се повлечат Заев и сите околу него од Владата и да се формира влада за национален спас, која ќе има јасна стратегија и визија да ја извади Република Македонија од овој ќор-сокак во кој ја внесоа Заев, Димитров, Пендаровски, Шекеринска и другите“, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

