Македонија
(Видео) Арсовски: Тунџев како директор не смее да вештачи предмети, тоа е спротивно на законите
Сведоци сме на ново, најбрутално прекршување на законите и уништување на правосудството директно од страна на судот и директно од директорот на Агенцијата за катастар на недвижностите, Борис Тунџев, а поврзан со предметот „Топлик“, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Државната комисија за спречување на корупцијата децидно се произнесе дека поради судир на интереси, Борис Тунџев како директор на Катастарот не смее да изготвува вешто мислење бидејќи е спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судир на интересите и на Законот за катастар на недвижностите. И покрај тоа, овој владин функционер и послушник на Заев вторпат ја злоупотребува својата службена положба во овој предмет и изготвил вештачење, кое би требало да биде единствениот доказ врз основа на кој обвинетите може да бидат осудени. Кадија те тужи, кадија те суди“, истакна Арсовски.
Ова, како што рече тој, е второ прекршување на законот од страна на Борис Тунџев во истиот предмет.
„Првото прекршување е уште во периодот кога предметот бил во фаза на истрага и на барање на СЈО, Тунџев, иако немал важечка лиценца за вештак, лажно претставувајќи се како вешто лице, изготвил вештачење какво што му било наложено од страна на двајца поранешни специјални обвинители и за тоа добил средства од буџетот на државата. Во тој период ќерка му е вработена во СЈО, со што Тунџев и тука го прекршил Законот за спречување на корупцијата и судир на интересите. За ова прекршување на законите, против Борис Тунџев веќе има кривична пријава и постапка, која е во тек“, објасни Арсовски.
Тој потенцира дека од неговата партија го повикуваат Јавното обвинителство, по допрен глас, како што рече, веднаш да поведе постапка против Борис Тунџев за постапување спротивно на Законот за спречување на корупцијата и Законот за катастар на недвижностите, како и злоупотреба на службената положба и овластувањето од Кривичниот закон.
„Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со своите надлежности, а во врска со мислењето што веќе го има дадено, веднаш да преземе дејства против Борис Тунџев за прекршување на двата претходно потенцирани закони, како и против Судскиот совет, кој го отфрла мислењето на ДКСК. Ги повикуваме и целата правосудна фела, народниот правобранител, како и сите организации што ги следат реформите во правосудството, будно да го набљудуваат овој предмет бидејќи овде станува збор за пример како не треба да функционира судството и пример за флагрантно кршење на сите права на обвинетите. Ја повикуваме исто така и Канцеларијата на Европската Унија, како и амбасадите во Република Македонија, да го следат и да го нотираат овој случај, кој е еклатантен пример за уназадување на реформите во правосудството и кршење на човековите права во согласност со сите домашни и меѓународни стандарди“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зголемен водостој на реките и езерата, внимателност при возење на пат во клисурите заради можни одрони, апелира ЦУК
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 736 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 59,79%, а 40,21% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 66,77%, кон Итната медицинска помош 24,05%, а кон пожарникарите 4,30% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 827 повика за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (4,88%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(40,21%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Пожари на отворено не се евидентиран во последното деноноќие, имало само во населени места.
Како резултат на врнежите од дожд што го зафатија подрачјето и на Град Скопје, Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека на повеќе локации во градот и околината биле пријавено паднати дрвја, проблеми во снабдување со електрична енергија, а и проблеми со уличното осветлување. За пријавените итни случи во ЦУК, се известени се надлежните институции и истите интервенирале на терен.
Центарот за управување со кризи информира дека од УХМР известуваат дека водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок. Ако продолжи водостојот да расте биле можни излевања на Крива Река, по нејзиниот слив.
Од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на Крива Река.
Инаку, според дневната хидролошка информација на УХМР, предвидува постепена тенденција за раст на нивото на водостојот на реките и езерата.
Имало одрони на патиштата при ваквите метеоролошки услови за коишто, по пријава на 112 во ЦУК, се ангажираат надлежни институции и претпријатија за нивно расчистување. На пример, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, сношти околу полноќ, беше добиена пријава за одрон на патниот правец Гостивар-Маврово кај месноста „Каменоломот“. За настанатата состојба од ЦУК беа известени ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, а и Сообраќајна полиција, при што нивни екипи го нормализираа сообраќајот на таа делница.
Заради можноста од одрони пожелно е да се вози внимателно на патните правци покрај коишто има карпести ридови.
Метеоролозите најавија дека и денеска, ќе продолжи локална појава на метеоролошка нестабилност, локално со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, утре е можно мало смирување на времето, а од недела пак ќе биде пак – локално променливо. Потсетуваме за голема внимателност при појавата на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, велат од ЦУК.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Скопје
Денови на култура во општина Илинден 2024 „25 Литературна манифестација“
Општина Илинден на 14, 15 и 16 мај 2024 година, ќе ги реализира традиционалните Денови на културата, во чии рамки во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржи јубилејната 25-та Литературна манифестација „Илинден 2024“, а во соработка со Друштвото на писателите на Македонија.
Новина оваа година во програмата на Деновите на култура е прикажување на кино проекција на игран филм. За љубителите на филмот, на 14 мај со почеток во 19:00 часот, во кино салата на Дом на култура „Илинден“ ќе се прикажува игран филм „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ
На 15 мај ќе се одржи, Трибина: „Современа македонска литература и нејзината перцепција, читањето, критиката, медиумите“, со учество на еминентни писатели и литературни критичари, потоа креативна работилница „Гатанките, поговорките и пословиците во македонската литература за деца“ со учество на писатели на ДПМ и ученици од основните општински училишта од општина Илинден, како и традиционалното Литературно матине за деца ,,Пролетно поетско будење на Илинден” со учество на повеќемина истакнати македонски писатели за деца и млади. По повод Меѓународната Литературна манифестација Општина Илинден распиша литературен награден конкурс на тема „Татковина“ за учениците од општинските основни училишта, при што на Литературното матине за деца ќе бидат прочитани и наградените песни, а на учениците ќе им бидат доделени пригодни награди. Дел од манифестацијата е ликовна изложба на ликовниот уметник Владимир Темков, како и културно уметничката програма со настап на АМПИ „Илинден“, КУД „Гоце Маркоски“ како и музички настап на ученици од општина Илинден.
Централен настан на манифестацијата што се реализира во соработка со Друштвото на писателите на Македонија е поетска вечер „Интимно соѕвездие“ посветена на современата македонска љубовна поезија што ќе се одржи на 16 мај (четврток) со почеток во 19.00 часот, на кој ќе настапат повеќемина реномирани македонски поети. Новина оваа вечер ќе биде промоцијата на посебно издание-книга со текстовите на учениците од минатата година, како и музички настап на Trinity Strings.
Македонија
Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш, за да можеме да победиме
„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за неумоливоста и вербата на секој наш член, гласач, поддржувач, симпатизер и граѓанин кој верува во нашата искреност и визија за подобра иднина“, напиша на социјалните мрежи претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
„На членовите на Левица им должиме огромна благодарност! Вашата посветеност и пожртвуваност, истрајноста наспроти притисоците и работата за нашата заедничка кауза се движечката сила позади нашиот континуиран успех. Растот на Левица од нула до она што е денес, организирањето теренски активности за контакт и дискусии со граѓаните, вклучувањето во кампањите, сета напорна работа и масовна мобилизација не останаа без резултат. Вашата издржливост, одлучност и на моменти фанатична посветеност во клучните мигови е она што дополнително нè поттикна да одиме решително напред во секоја криза и ни овозможи да направиме сериозна разлика во политичката култура во Македонија.
На нашите гласачи им благодариме за дадената доверба. Вашата храброст да постапите различно од сите останати, вашата мудрост да ги препознаете искрените заложби наспроти бројните лаги и манипулации во етерот, како и вербата во нашата работа и кауза е катализатор на промените кои претстојат. Ја разбираме тежината на одговорноста што ни ја доверивте и ветуваме дека чесно и доблесно ќе работиме за да бидеме достојни на Зборот даден кон вас. Идејата за поубава Македонија е жива и преку нашата работа во законодавниот дом ќе ја чуваме и работиме на нејзина реализација. Вашиот глас ни даде простор да се залагаме за политики кои даваат приоритет на благосостојбата на граѓаните, заштита на животната средина и на националните ресурси, унапредување на состојбите во здравството, образованието, правосудството, но и заштита на националното прашање и македонскиот идентитет.
На сите наши симпатизери и поддржувачи (дома и во странство), ви благодариме што останавте покрај нас во текот на нашиот перманентен раст и созревање на политичката сцена. Без разлика дали тоа беше преку волонтирање, донации, јавна поддршка, споделување на нашите идеи или друг начин, вашата поддршка е непроценлива! Вербата во нашата левичарска Кауза ја поттикнува нашата решителност уште поборбено да тргнеме кон значајни промени и да создадеме пофер, попрaвично и порамноправно општество за нашиот народ.
Борбата која ни претстои не сме наивни да веруваме дека ќе биде лесна. Напротив, свесни сме дека ќе биде сериозен предизвик. Сепак, со вашата континуирана поддршка убеден сум дека можеме да дојдеме до уште подобри резултати кои ќе значат надеж, но и можна поубава иднина дома, во Македонија. Заедно докажавме дека трулиот систем може да се изигра“, напиша Апасиев.