Македонија
(Видео) Артан Груби со црево го миеше влезот пред џамиите во Старата скопска чаршија и се снимаше

Вицепремиеро Артан Груби синоќа учествуваше во чистењето на исламските објекти во Старата скопска чаршија. Тој го зема цревото од еден од вработените во Комунална хигиена и го миеше влезот пред џамиите. За тоа време Груби си направи пренос во живо на својот Фејсбук.
ЈП Комунална хигиена-Скопје во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, реализираше активности за рачно и машинско миење на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје. Со употреба на три автоцистерни и едно специјално комунално возило-ВАП, беше извршено миење на дворовите и непосредната околина на џамиите на Мурат Паша и Мустафа Паша во Старата скопска чаршија, Јахја паша во Чаир, џамијата Иса Бег на Бит Пазар, џамијата Дуќанџик, џамијата Хусеин Шах во Сарај и др.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.