Македонија
(Видео) Ацевски: Ако досега државата само земаше, сега за првпат враќа пари кај граѓаните
Од 1 јули започнува мерката за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ за граѓаните. Со оваа мерка, за прв пат во нашата земја, секој граѓанин кој плаќа ДДВ добива пари од државата, на својата сметка, изјави Костадин Ацевски од СДСМ.
„Кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра на крајот на секоја година. Просечно семејство на крајот на годината добива приход плус. Ако досега, државата само земаше пари од граѓаните, сега за првпат државата враќа пари кај граѓаните.
Повратот на 15 отсто од ДДВ е последната во низата мерки кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и кои ги спроведовме за само 2 години:
– Минималната плата ја покачивме од 9.000 на 12.500 денари.
– Ја укинавме радиодифузната такса и ја воведовме ефтината тарифа на струјата, мерка со која над 11 милиони евра завршуваат кај граѓаните.
– Социјалната помош ја зголемивме за 300%, односно од 3.000 на 10.500 денари.
– Го намаливме ДДВ-то за парното од 18 на само 5%.
– Ги намалувме казните и до 75% а трошоците за нотари и извршители и до 90%.
– Просечната плата се зголеми за над 2.000 денари а пензиите за над 800 денари.
– Земјоделците можат да вратат пари од персонален данок а со мерката зелена нафта над 200 милиони денари остануваат за 55 илјади земјоделци.
Концептот „пари кај граѓаните“ е јасно изразен во денари и проценти и претставува успешен модел за подобар животен стандард, подобар живот на граѓанинте, раст и развој.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години земаше пари од граѓаните. СДСМ како одговорна партија обезбедува повеќе пари назад кај граѓаните, порача Ацевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

